Бојата е развиена од истражувачите од Универзитетот Пердју и рефлектира неверојатни 98,1% од сончевата светлина, многу повеќе од просечните 10-20% колку што одбиваат обичните, комерцијални фасадни бели бои кои се нудат на пазарот.
Оваа нејзина карактеристика е толку корисна што го лади објектот за повеќе од седум целзиусови степени.
Во експериментална фаза, веќе се користи на неколку јужни грчки острови од групата на таканаречените Циклади а догодина би требало да ја има во широка продажба.
Истражувачите веруваат дека нивниот продукт сериозно ќе ја намали нашата зависност од електричните уреди за ладење простории.
„Нашата боја апсорбира само 1,9% од сончевата светлина додека комерцијалната боја апсорбира меѓу 10 и 20 проценти“, прецизира еден од истражувачите.
Бојата на Пердју не само што ја одбива речиси целата светлина и ја враќа во атмосферата туку ја проследува и инфрацрвената топлина од површината на објектот, што е еднакво на разладна моќ од 113 вати по квадратен метар.