Најглупи концепти што мажите ги имаат за женското тело

Редит каква трачара е. Доволно е еден да постави прашање од тип, „Жени, кој е најсмешниот концепт што маж го имал за жена, и најверојатно и до ден денес верува во него?“ И се разбира, како и секогаш, има да бираш.

Возрасен маж ми кажа дека менструацијата е всушност акумулација на сите „валкани работи“ што на месечно ниво се собираат во женското тело. И дека мажите не добиваат, затоа што се чисти.

Бившиот мислеше дека може да се контролира полот на бебето преку одредена сексуална поза за време на зачнувањето или со јадење одредена храна.

Еден дечко од клас што седеше позади мене упорно ме викаше, па се свртев и го прашав што сака. Рече дека имал многу важно прашање, ама не сакал да звучи глупо. Во тој момент сѐ уште мислев дека ќе зборуваме за нешто од часот. И ме праша, „Вагината е како превртен кур, така?“

Другари ми кажуваа дека не мора да значи дека знам каква боја има крвта. И кога ќе се впие во улошка или тампон, веќе не се гледа и ја губи бојата. Затоа и улошките и тампоните се секогаш бели и суви.

Отидов на дејт со дечко и завршивме со бакнување, па ме праша дали може да одиме до крај. Му реков дека имам добиено и дека не сум расположена. Преврте со очи и рече „Не можеш да се воздржиш? Ветувам дека ќе вреди!“

Во средно, еден другар ми се пожали дека го боли грбот и му понудив Мидол (против болки, и плус за менструални грчеви), затоа што го имав и му објаснив дека супер влијае за олеснување било каква болка. Одби со објаснување дека не сака да добие менструација. И не дозволуваше да му објаснам дека Мидол не предизвикува менструации.

Еден ме убедуваше дека жените не гледаат порно за порно, туку заради приказната, и кога пробав да го разубедам, рече, „Само затоа што си жена не значи дека знаеш што сакаат жените.“

Дека жените можат да произведат млеко по нарачка, без воопшто да се бремени или да родиле.

Еден бивши виде ТикТок каде што шегата беше дека жените мочаат сино кога се лути и ме праша дали може да види. Се разбира дека му реков не и му реков дека не е вистина, ама не ми веруваше.

Дека уринарна инфекција значи дека сум го изневерила.

Еден ми кажа дека жените можат да си ги контролираат менструациите. Му реков дека не се прави така, дека секоја е различна и дека не можеме да ги контролираме. Не сакаше да ме слуша и рече дека е во право затоа што прочитал на Твитер.

Кога бев тинејџерка познавав еден тип што сериозно мислеше дека големината на женските гради зависи од бројот на блоуџобс во животот. Кога го прашав од каде му е таа идиотска идеја. се налути и си отиде.

Еден колега ме праша дали сум имала преглед на простата. Беше на колеџ во тоа време.

Кога имав 17, побарав од татко ми пари за улошки и ми рече „И минатиот месец ми бараше пари за ова, секој месец ли се добива?“

Татко ми, после 26 години брак со мајка ми, сѐ уште мисли дека жените се палат на супериорен маж што нарачува во нивно име по ресторани.

Бившиот беше уверен дека жените имаат повеќе ребра од мажите. Нели, бидејќи Адам го дал неговото ребро да се направи Ева. Дури и откако му покажав слики од моите книги од (медицински) факултет.

Другарка додека беше бремена ми кажа дека маж ѝ не сакал да имаат секс, затоа што не би имало доволно место за второто бебе, ако пак забремени пред да се породи.

И така, ако не ги учат децата во школо за ова, барем вие зборете им. Утре ќе излезат во град, па ќе се брукаат вака, па на Редит ќе ги има.

27 јули 2021 - 07:33