Машните за коса се враќаат на голема врата

Во Париз, колекциите за есен/зима 2021 почастија со декорации за коса што сакаат да кажат дека е ред да почнеме да собираме ленти и да врзуваме машни околу глава.

Шанел е главен промотер на ова, со класични црни ленти како на времето, само што сега се поголеми и подолги. И без разлика што решението е хај-фешн, знае да биде и практично. На пример, ако сакаш да избегнеш сонце, комбинираш долга лента до половина под шешир со широк обод.

Ако сакаш и понатаму да промовираш социјална дистанца, ама со стил, носи си вака, инспирирано од Маргарет Квејли, може ќе начекаш и филмски ветер.

Во Џамбатиста Вали, и косата достигнува нови величини. Оди Гилберт креира високи опашки, па им става широки и дебели крем-бели машни кои отстрануваат било каква потреба за накит на врат.

Ако немате ленти по дома и не можете да се одлучите дали платата ќе ја дадете на Шанел или Вали, имате уште една, Лејди Гага варијанта - самата коса е машна.

Или, ако не сте набавиле машни до сега, и ако престанеме да се преправаме дека ќе инвестирате во брендирана, треба дискретно да погледнеме кон женски пазар, или сами ќе ви текне?

16 јули 2021 - 08:15