Лажни историски факти што уште веруваме дека се вистинити

„Ако немаат леб, нека јадат колачи“ не е на Марија Антоанета, на пример.

1. Големиот пожар во Лондон не го донел крајот на бубонската чума.

Приказната е дека во 1666, Големиот пожар почнал од Пудинг Лејн и беснеел со денови, комплетно уништувајќи огромен дел од градот. Среќа во несреќа наводно бил крајот на бубонската чума што убила речиси 100.000 луѓе во Лондон - затоа што пожарот ги збришал стаорците кои ја ширеле инфекцијата и ги изгорел валканите куќи кои биле жаришта на болеста. Реалноста е дека пожарот собрал само четвртина од градот, па стаорците можеле комотно да се рашират во други делови и без разлика што новите куќи биле изградени од цигли, не биле нешто почисти од претходно.

2. Денешниот животен век не е особено подолг од просечниот низ историјата

Кога растеш со податокот дека просечниот животен век на средновековниот човек бил 30-40 години, нормално е да помислиш дека умирале од старост на 35 во тоа време. Сепак, просекот е толку низок заради огромната стапка на смртност кај новороденчињата. Всушност, максималниот животен век кај човекот е 120 години во последниве 100.000 години.

3. Наполеон Бонапарта баш и не бил толку низок

Висината што е запишана (од 1.57) е по француски мерки кои биле различни од англиските во тоа време. Всушност, бил 1.70, што значи дека бил висок во споредба со просечниот французин во 1800-те. Сите вработени на високи чинови околу него биле бирани и по нивната супериорна висина, па и тоа има придонесено кон впечатокот дека е мал.

3. Гробот на Тутанкамон немал напишана клетва што паѓала на сите што ќе влезат

Овој мит се должи на медиумите што сакале да направат драма околу мумијата. Мистериозната смрт на неколку посетители на локалитетот придонеле приказната долго време да се одржува во живот.

4. Викторијанските доктори не измислиле рана верзија на вибратор за да лечат „женска хистерија“ со оргазми

Нема никакви докази дека се користеле вибратори за медицинска терапија. Идејата се спомнува во едно дело од 1999 година и оттогаш е разоткриена како лажна. Филмови како „Хистерија“ од 2011 само имаат помогнато уште да се зборува за тоа како да се случило.

5. Римските скулптури не треба да бидат бели

Кога помислуваме на класична римска скулптура, пред очи ни се појавува мермерна, бела статуа, но вистината е дека делата биле боени, често во светли бои и прикажувале луѓе од различно потекло. Бојата разбирливо е избледена и изгребана со текот на вековите, а по некое време и намерно чистена за да се проектира слика на „чистота“.

5. Цезар не бил роден со царски рез, ниту пак процедурата се вика cesarean заради него

Процедурата едноставно била преопасна за да се проба на жива жена во тоа време и се правела исклучиво како последен напор да се спаси детето, ако мајката е веќе на умирање или мртва. Мајка му на Цезар живеела долго откако Цезар бил веќе возрасен, така што - невозможно е да имала царски рез.

6. Ајнштајн не бил дупка за математика

Ова ќе биде разочарување за многумина што се вадат на таа карта, но Ајнштајн едноставно бил исклучително талентиран за математика. Митот потекнува од пропаднат приемен испит на Циришкиот политехнички институт што го полагал кога имал 16 години. Совршено ги решил задачите по математика и физика, но не и задачите по јазик и биологија од проста причина што тестот бил на француски.

7. Роза Паркс не седела напред во „белиот“ дел на автобусот кога ѝ кажале да стане од седиштето

Седела најнапред во „обоениот“ дел што се сметал за ничија земја и од црнците се очекувало да станат од таму кога автобусот бил преполн, што Паркс одбила да направи. И не била „уморна после долг ден на работа“, туку уморна од предавање пред правилата.

8. Кока-Кола не го измисли денешниот Дедо Мраз

Иако нивните илустрации од ‘30-те го направија популарен, Кока-Кола не е главниот виновник за концептот на добричок дедо облечен во црвено - најраниот ваков портрет датира од 1863.

9. Не постојат докази дека Викинзите носеле шлем со рогови

Ваквата хардкор естетика би била многу непрактична во битка. Не ни носеле многу заштите, имале само лесни дрвени штитови. Постојат докази за боцки на глава што се носеле за церемонијални намени, но сепак, роговите се само дел од костим дизајниран за изведба на епската музичка драма на Вагнер - Nibelungenlied каде што прв пат се појавиле роговите како „викиншка униформа“ и останало.

10. Марија Антоанета никогаш не рекла прегладнетите поданици „да јадат колачи“

Имала само 10 години кога француската принцеза Мари Терез ја изустила раната верзија на фразата (нека јадат la croûte de pâté - кората од тестото/лебот/пецивото), а Жан-Жак Русо ја направил популарна во 1766. Русо рекол дека фразата ја кажала „голема принцеза“, три години пред Марија Антоанета да се омажи за принцот Луј и осум години пред да стане кралица. Изјавата ѝ е припишана на последната француска кралица по нејзината смрт, најверојатно во обид да се направи кралско жртвено јагне од неа во наративот на Француската револуција.

11. Ниедна од вештерките од Салем не горела на клада

Повеќето биле обесени или умреле во затвор (една била и згмечена). Палењето е во Европа, во средниот век.

26 февруари 2021 - 12:40