„Пост-ковид белите дробови изгледаат полошо од кој било тип на ужасни пушачки бели дробови што gи имам видено. И тие колабираат. И се засируваат. А неможноста да се земе здив само трае и трае... и трае.
Сите се загрижени околу смртноста, и тоа секако е ужасна и страшна работа. Меѓутоа за сите преживеани и за сите што биле позитивни ова ќе биде голем проблем,“ објаснува хирургот и асистент професор по хирургија на Универзитетот Тексас Теч др. Британи Банкхед-Кендал.
До сега сите пациенти со ковид-19 симптоми секогаш имале лоша слика, а оние кои асимптоматично ја минале болеста во 70 до 80 проценти од случаите имале лоша рендгенска слика.
Во примерот што таа го споделува со Си-би-ес, има слики на нормални бели дробови, и бели дробови на пушач и на лице со ковид-19.
Кај првиот белите дробови се чисти и на снимката се црни што го обележува воздухот во нив. Белите дробови на пушачот имаат бројни бели линии, што ги покажуваат лузните и запушувањето, додека ковид белите дробови се речиси целите бели.