На кафе во Париз, во 1920-те и во боја

Ова можеме со еднаква доза чемер да го гледаме како снимки од кафичи во 2019 : ништо од тоа што го гледаш не можеш сега да го правиш. Ама кафињата од 2019 кога-тогаш ќе се вратат, овие лезетскиве, со сите дотерани и со една мисла на памет: уживам со кафе и точка - тешко.

Сцени како од „Полноќ во Париз“ на Вуди Ален, дотерани луѓе, бисери, шапки, костуми, игранки како симнати од филм - и најфасцинантно е што се обоени, како да е местено завчера. Кога се црно-бели ни личат далечни, а вака те интересира секое најобично движење како да си таму, во „новиот“ Латински кварт.

Има и за Берлин:

7 февруари 2021 - 18:59