Енди Мекдауел разјасни на црвениот тепих, на премиерата на Анет, дека нијансата на годината е - сива. Не Кајли Џенер сива. Енди Мекдауел, Џоди Фостер и Хелен Мирен сива.
Мекдауел има 63 години, многу јасно дека било која друга боја освен прошараната „сол-бибер“ би била вештачка. Ја пуштила за време на локдаунот, и одлично ѝ дојде во комбинација со Прада фустанот што го носеше.
Во случај некој да се посомнева во трендот, се појави Хелен Мирен која одамна не може да се замара со темни бои за коса и Џоди Фостер, со седи прамени околу лицето.
Од трета страна со бели влакна долетуваат Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон, кои на првите фотографии од снимањето на продолжението на „Сексот и градот“ го следат баш тој „е како не, ќе се фарбам сеа“ момент.
Заклучокот веројатно е дека заврши времето кога се трчаше на фризер или во купатило, брзо-брзо да се покрие белото влакно, да не случајно некој забележи дека имаме над 30.
Опуштено.