Лунгомаре на „Грин коуст“ е магичната дестинација за летото 2021

Луксузниот комплекс „Грин коуст ресорт и резиденции“ на албанската ривиера, инвестиција на групацијата БАЛФИН, несомнено е една од најпосакуваните дестинации за ова лето.

Прекрасната плажа Паласа, луксузните сместувачки капацитети кои овозможуваат чувство на интимност, релаксација и удобност, недопрените природни убавини во околината се само дел од причините. Но она за што сакаме да ви зборуваме е променадата Лунгомаре, меѓународно награден проект, создаден за создавање спомени.

Елегантното шеталиште на „Грин коуст” (Green Coast Resort & Residences), долго еден километар, е добитник на прва награда од престижното списание за архитектура „Д План“ (The Plan) во 2017 година. Признанието тогаш беше доделено на свечена церемонија што се одржа во Лидо, Венеција. Илјадниците задоволни посетители што го поминуваат својот годишен одмор во „Грин Коуст“ само потврдуваат дека архитектите на „Д План“ биле во право.

Променадата се протега во продолжение на плажата „Цезар“, каде што, симболично, е поставена уметничка инсталација во форма на паричка со ликот на Цезар. На самиот влез во комплексот, ќе ве пречекаат ретките бели камчиња на Паласа. Неброени барови, традиционални и модерни ресторани, супермаркет, спортски центар, амфитеатар резервиран за настапи и филмски проекции, се протегаат по должината на Лунгомаре и го збогатуваат престојот на туристите задоволувајќи ги сите нивни различни потреби, барања, вкусови.

Прошетката по Лунгомаре е како посета на богата изложба. Ќе ве натера да застанете, да се восхитувате, да уживате и да избирате меѓу мноштвото вкусови, мириси и бои.
За трагачите по адреналински возбуди, омиленото место е спортскиот-центар. Тука може да испробате некој од широката понуда адреналински спортови – да сурфате на ветер или на вода, да летате со параглајдер сами или во тандем, џет ски, нуркање, веслање со кану, одбојка на плажа, да ловите риба и уште многу други активности.

Еден од најпопуларните угостителски објекти на шеталиштето е бич-барот „Назар“, препознатлив по луксузниот и префинет стил. Плажата на „Назар“ е авантура секој ден и посебен празник секоја вечер! Деликатесите на италијанскиот готвач Џузепе Муша го комбинираат вкусот на морето со органски и свежи производи одгледани во областа. За да биде комплетен визуелниот впечаток, сервирани се во уметнички дизајнирани садови. Покрај храната, „Назар“ нуди и премиум пакет-услуги како „Bamboo SPA“, масажи и третмани, а располага и со сопствена продавница за модни додатоци.

Ресторанот „Улири“, пак, е најновото искуство во гастрономијата на јужниот брег. Во „Улири“, во фокусот на менито се јадења од американски црн ангус, француски ангус и француски лимузин, во комбинација со италијански деликатесни тестенини и гарнири полн фантазија.

Сите барови на Лунгомаре се разновидни и уникатни не само по менијата и архитектонските стилови, туку и поради извонредната грижа, гостопримството и третманот што го нудат за секој што престојува во „Грин коуст“. „Елит бар“ за уживање и релаксација, „Бохемијан“ – бар со елеганција и карактер, „Калме“ – одличен за дружење и нови познанства, „Капри“ и многу други, секој посебен и со своја приказна.

Сатбере Хоџа, директор на „БАЛФИН недвижности и угостителство“ (BALFIN Real Estate & Hospitality), вели дека променадата е една од највредните инвестиции на „Грин коуст“.

Тоа е место за средби на жителите, туристите, претприемачите и сите посетители. Минатата година променадата и деловните субјекти покрај неа пречекаа околу 70.000 посетители, а годинава се очекува овој огромен број да порасне за 45%. Во „Грин коуст ресорт и резиденција“ се поканети сите што сакаат комплетно и релаксирано искуство за оваа летна сезона. Тука ќе го најдат сето тоа - вели Хоџа.

За туристите и посетителите на Лунгомаре обезбедени се и дополнителни услуги. Богато снабдената аптека „ФармаНет“, тобакото „Enjoy“, маркетот „СПАР“, банкоматот, библиотеката, детското катче со играчки... ќе ги задоволат сите потреби на гостите. Променадата, центарот на дружењето на „Грин коуст“, веќе располага со содржини за жителите во сите четири сезони. Тука може да се најде сè што е потребно за удобно живеење во вилите. Многубројни бизниси, нови и стари, му посакуваат добредојде на секој посетител, како и на постојаните жители. Производите и услугите се разновидни и се стремат кон беспрекорност.

Оваа година, ексклузивната плажа „Цезар“ ќе понуди широка палета услуги, како и совесно одржување и грижа за хигиената, во целосна согласност со правилата што ги налага пандемијата низ која минуваме. Лежалките може да се резервираат преку рецепцијата на ресортот, која е отворена 24 часа. Безбедноста на плажата е загарантирана и во рекреативната зона и на отворено море со професионалната услуга „Baywatch“. Паркингот е бесплатен.

Целиот комплекс и персоналот се веќе подготвени за да обезбедат комплетно и квалитетно гостопримство и неспоредливо медитеранско искуство за сите жители, посетители и пријатели на „Грин коуст“, гордоста на албанското крајбрежје.Лунгомаре, без сомнение, и оваа година ќе биде омилената дестинација за уживање.

„Грин коуст“ е еден од двата луксузни комплекси на албанскиот брег зад кои стои групацијата БАЛФИН. Другиот е „Вала Мар резиденции“ лоциран во прекрасната природа на Хамалај. Освен во туристички ресорти, БАЛФИН, една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот, инвестира во изградба на повеќе трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, а меѓу нив е и мултифункционалниот комплекс „Скопје ист гејт“. Во своето портфолио има и компании од модната и рударската индустрија и од сферата на малопродажбата како „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. Под капата на компаниите што се дел од групацијата „Балфин“ се речиси 6.000 вработени во Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.

(Комерцијален текст)

27 мај 2021 - 08:20