Некои бебиња се грди

¯\_(ツ)_/¯

Одобрениот поглед на нештата е дека сите бебиња се прекрасни. Сепак, ако сте биле во друштво на повеќе од едно бебе, веројатно потајно ќе си признаете дека ова не е секогаш точно. Некои бебиња едноставно, не се баш најубави во свет. Главчињата им се меки и деформирани, некои личат на 80-годишни сметководители, и не им е дадено доволно време да си ги дооформат фацијалните карактеристики - одма ги сликаат.

Лесно е да се претпостави дека било кој родител ќе се навреди ако му го опишеш детето како било што друго освен ангел. За среќа, родителите на ТикТок имаат смисла за хумор. Во еден од најновите трендови, луѓе си објавуваат фотографии направени за време на бременоста сосе очекувањата, за на крај да добијат новороденче што, во најмала рака, не е баш за во списание.

@rttchelsea

Spitting image of my 65 year-old Uncle Mike 😂 ##momlife ##mama ##postpartum ##uglybabies ##cutebaby ##momhumor ##birth ##fypシ

♬ chicken tikka - han

Реално, често се случува бебињата да дојдат на свет малку изгњавени. Прекриени се со верникс, дебел материјал (личи на кашкавал) кој ја штити кожата додека фетусот расте во матката. Постои и Caput Succedaneum - малку конусна форма на глава што често се случува ако породувањето било долго и тешко. Има еден куп други типични услови што може да ги искуси едно новороденче, што ќе го направат естетески понезадоволително - од осип по целото тело, до бели и жолти точки на лицето, што обично се решаваат после неколку денови или недели.

@mrs.honeydew

These are her worst pictures by far. But this trend is too funny to pass up! ##uglybabies ##newborn ##badpictures ##cutebaby

♬ chicken tikka - han

Излегува и дека мнозинството возрасни ги смета новороденчињата за грди - има истражување од 2018 според кое повеќето возрасни сметаат дека бебињат стануваат слатки кога ќе наполнат шест месеци. Така што, реално, ако не ви се слатки бебиња - не е до вас, природно е.

Сепак, се сведува на заклучокот на Даниел Кампоамор за Refinery29:

„Искрено, и двете кога ги родив, мислев дека се најубавите суштества на планетата. Истовремено, ми личеа на скапан кромид; како матката да ми била сонце и предолго седеле изложени. Но сепак верував, во моето хормонски напумпано срце дека моите синови беа прекрасни затоа што мајчинството е чудна работа, а бебињата уште почудна, и во славењето на сета таа чудност лежи забавата на она што значи да се биде родител.“

19 јули 2021 - 08:53