Филмот ќе раскажува приказна за црно семејство, Малик и жена му Имани кои се вселуваат во предградие на Атланта. Кога ќе стигнат, се појавува жена, што буквално се вика Карен, со задни намери. Брзо почнува со микро-агресии - им кажува каде треба да стојат кантите за ѓубре; се расправа со црни тинејџери; се заканува дека ќе каже на менаџерот што група црнци се смеат во ресторан, такви работи. Хоророт почнува кога тие микро-агресии ќе се покаже дека се многу позлокобни отколку што изгледаат и наскоро Карен си ја покажува вистинската персона.
Сепак, на Твитер расправаат дека филмот толку силно намигнува на неговото подлабоко значење, што веќе се граничи со пародија. Го споредуваат и со Get Out на Џордан Пил, кој раскажуваше сродна приказна, но со многу повеќе интелект и подобри намери.
Се мрчи и околу кастингот на Тарин Менин како Карен, која претходно има објавувано содржини со симпатии кон Трамп, со хаштаг #q, алудирајќи на мрежата за теории на заговор QAnon, притоа споделувајќи лажни вести, плус дека Џорџ Сорос е зад движењето Black Lives Matter.
Тарин за нејзината улога вели дека чувствувала социјална одговорност да ја прифати:
„Дури и кога морам да го играм негативецот за да предизвикам промени во светот, тоа ми беше уште поголема мотивација. Ова што се случува е ужасно. Време е за промена, а тоа што јас сум дел од поголемата слика многу ми значи.“
Еве, видете го трејлерот, па одлучете сами: