Како дел од проверката на Трамп му беше даден МОКА тестот (Montreal Cognitive Assessment). Предизвикот кој првично е создаден во 1996 се користи како „стандард за утврдување на блага когнитивна дисфункционалност.“ Тестот трае 10 минути. Според докторот на Трамп, американскиот претседател има 30 од 30 поени на тестот.
За време на годишниот систематски преглед, на лично барање на Трамп направено е испитување на неговите когнитивни способности. Исто на негово барање и резултатите се објавени што е можно побрзо.
И без многу разбирање англиски јасни ти се двата зборови од кои е составен терминот што американскиот претседател пред некој ден го употребил за Хаити, Ел Салвадор и земјите од Африка. Како и за добар дел пцовки и навреди, и за овој збор нема директен превод, без разлика дали е на македонски или кој било друг јазик.
Во сатиричната колумна која комичарот Енди Боровиц ја пишува за Њујоркер, „Боровиц рипорт“, тој ја дефинира главната линија на раздор помеѓу Трамп и неговата можна конкурентка во претседателските избори 2020 - тој мрази книги, таа има читачки клуб. И тоа би требало да е доволно за Американците кога следниот пат ќе гласаат.
Зборувајќи на Ен-би-си за својата книга, Мајкл Волф изјавува дека „луѓето на Трамп го сметаат него за дете“ објаснувајќи дека американскиот претседател има постојана потреба од инстантно задоволство, „ниту чита, ниту слуша, тој е како флипер, само мава на сите страни.“
Една година од претседателствувањето на Трамп, неговата грандиозна идеја за подигање ѕид на јужната граница се сведе на неколку прототипи од по 10-тина метри закопани во пустина.
Диверзитет, наука, доказ...Ова се само неколку примери на зборови кои се препорачува да не се користат во апликациите ако сакате да бидете финансирани од државата во областа на - да! - науката во 2018 во САД.
Стигна сметката за мнозинската одлука на Обединетите Нации да го осуди американското признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Администрацијата на Доналд Трамп најави драстично намалување на буџетот на ОН.
Како ретко кога од распаѓањето на СССР, годинава главна вест во САД беше „Русија“, и отприлика тука завршуваат сите сличности околу тоа кој како ја разбрал темава.
Наративот кој следуваше и стана општоприфатен по неочекуваната победа на Трамп на изборите 2016 е дека таа се должи на лажните вести, во добар дел создадени од руски извори, а разгласени и раширени од Фејсбук и Твитер, беа прегледани милиони пати од делот на гласачите кои сакаа да чујат за недоверливоста и одбивноста на Хилари Клинтон. Ваквата смеса потоа само беше распламтувана од новинските сајтови на алт-десницата, во голем дел благодарејќи на информативните балони во кои Американците успеаа да се затворат.
Во многу полабавите децении војна меѓу Палестинците и Евреите што и претходеа на одлуката на Трамп, и двете страни го сметаа Ерусалим за своја света земја и свој главен град. Сега Трамп само отвори нова димензија, натежнувајќи на страната на Израел.
По најавата на американскиот претседател дека ќе ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим кој ќе го прогласи за израелска престолнина, се запали Блискиот Исток а реагираа и навивачите на Селтик.
Трамп има разработено процедура од пет чекори за манипулирање, преземање и доминација врз социјалните и регуларните медиуми. Како и сите добри работи од Трамп, и оваа почнува со Твитер.
Во време кога американската демократија е нападната и од внатре и од надвор, кога институциите секојдневно се растураат, најбогатите добиваат постојани даночни олеснувања, а од Белата куќа блика фашизам, илјадници противници на Трамп одлучија да се соберат и ритуално да се дерат колку што можат погласно.
Обвиненијата против шефот на кампањата на Доналд Трамп носат десетици години затвор. Не се директно поврзани со сомневањата на односите меѓу Трамп и Русите но ова е досега најблиското стегање на обрачот околу актуелниот претседател.
По две војни кои се уште тлеат, стотици илјади убиени цивили, илјадници загинати американски војници и потрошени неброени милијарди долари, на Џорџ Буш помладиот му требаа само 9 години за да го рехабилитира својот имиџ.
Позната како „блекаут“, колажна или редактирана поезија, таа се создава од постоечки текст, со покривање/бришење/сечење на одредени зборови, по што тој добива нова смисла.
За Канаѓанецот кој минатата недела заедно со своето семејство беше ослободен по 5-годишно заробеништво во Авганистан, една од најтешките работи да поверува додека е во заточеништво е дека Трамп е претседател на САД.
Биограф на Доналд Трамп раскажа како актуелниот американскиот претседател своевремено го убедувал како слика што ја поседува била прав, правцат Реноар. Скорешно видео интервју со првата дама на САД открива дека лажњакот уште им виси по дома.
Утехата на демократите е дека веќе е крајот на 2017 и се ближат меѓу-изборите за Конгресот во 2018, па за не така долго време "се додека успееме да избегнеме нуклеарна војна" претседателските избори во 2020 ќе бидат крајот на Трамп, пишува Пол Волдман во Вик.
Дали затоа што во секој момент може да твитне нешто што ќе заврши со смрт на десетици илјади луѓе, дали затоа што редовно игра по живци на јавноста со гранично расистички твитови или затоа што народ не сака да си легнува во паника од тоа што ќе твитне американскиот претседател во 4 и 20 сабајле, очекувањата на јавноста се дека Твитер ќе ја блокира и затвори сметката на Трамп. Е па, нема.
Во својот говор пред Обединетите нации во вторникот Трамп се закани дека „целосно ќе ја уништи“ Северна Кореа доколку САД бидат присилени да ги бранат своите сојузници. Следеше бура реакции, од кои најживописните навреди на англиски дојдоа од неочекуван извор.
Човекот е типичен анти-естаблишмент кандидат, колку што е анти-левичарскиот естаблишмент, толку е и анти-десничарскиот, и моментално најголемиот краткорочен проблем за републиканците е што мислат дека тие победиле на претседателските избори, објаснува во интервју за Лос Анџелес Тајмс, довчерашниот советник на Трамп, Себастијан Горка.
Поранешниот мексикански претседател од раатот на пензионерскиот живот го дрибла Трамп уште пред американскиот претседател да стапне во Белата куќа. И како што минува време, Висенте станува само подобар во тролањето.