Употребените термини, метафори и споредби притоа наидоа на интерес не само кај политичарите и сеирџиите, туку и кај лингвистите. Иако беше масовно пренесен коментарот на претставник на Северна Кореа, дека изјавите на Трамп се само „кучешки лаеж“, мал број од медиумите го пренесоа и контекстот во кој тоа беше кажано - поговорката „Кучињата лаат, карванот врви“, кој ете се најде и во устата на еден Севернокореанец (каде сигурно има кучиња, но кој знае дали, и кога, имало карвани).
Сепак, најголемо внимание предизвика еден друг збор. Додека Трамп го нарече Ким Џонг Ун „човек-ракета“ (rocket man), Ким му надена на Трамп свој прекар, таков кој ги натера Американците да се фатат за речници и да гуглаат.
I will surely and definitely tame the mentally deranged dotard with fire
- напиша тој во владино соопштение.
Досегашните погрдни називи за Трамп упатени од Северна Кореа - непособен, гангстер, измамник - беа разбирливи. Ама иако е збор од англискиот, ова dotard ретко кој го разбра. Оригиналниот израз на корејски е „стар лудак“, а по наше, старо дртало.
Твитер експлодира од коментари, особено такви кои го поддржаа изборот на описот. Но голем број коментатори се чудеа како е можно некој северно-корејски преведувач подобро да го познава англискиот јазик од куп родени говорители? Следниот пат кога некој Американец ќе сака да навреди друг ќе си се консултира со некого вон својата култура, чисто да ја освежи јавноста со термини кои дремат во речникот, неправедно запоставени.