„Како што времето минува а нашиот капацитет за задржување на долгорочни сеќавања продолжува да слабее, станува полесно од кога и да е за политичарите да се рехабилитираат себе си,“ пишува Ив Пејсер во текстот за Вајс.
Како пример таа го дава Буш кој ја напушта позицијата со рејтинг од 30%. По излегувањето од Белата куќа тој се враќа во Тексас и се повлекува од јавноста. На Буш му беа потребни 9 години минати во цртање и еден говор против Трамп за работите комплетно да се променат за него, инаку од историчарите именуван како „еден од најлошите претседатели на САД.“
Така според неодамнешна анкета 51% од демократите имаат многу или донекаде позитивно мислење за Буш, и уште 76% од Републиканците.
„Би можела да го минам остатокот од животот дерејќи се колку е лош Џорџ Буш, и зошто не треба да заборавиме како тој со лаги влезе во војна која уби стотици илјади луѓе, и неговите насилни исламофобски политики кои го поплочија патот за Доналд Трамп, и неговата тајна шема за прислушување на Американците без судски налог.
Меѓутоа веројатно го разбирам импулсот ретроактивно да се поддржи Буш - Трамп е ужасно лош на начини на кои претходно ги немаме видено, и тоа прави годините на Буш, во кои САД доживеа еден од најлошите економски колапси во историјата, да изгледаат порозови. Тогаш барем немавме Твитер.
Меѓутоа имајќи го овој импулс за носталгија, ние сме соочени со прилично ужасна иднина, во која ќе почнеме повторно да го преоценуваме Трамп на ист начин како што многумина го преоценуваа Буш. Кога во 2029 претседателот Скот Адамс ќе потпише закон кој бара секој воспитувач во градинка да носи Дилберт брендирано оружје, а државниот секретар Тим Ален ќе одлучи дека треба сите нуклеарки да ги лансираме кон Сонцето за да го спречиме глобалното затоплување, многумина поранешни припадници на отпорот може ќе омекнат во однос на Трамп.
Можеби тие ќе одлучат дека неговите твитови всушност биле слатки, или дека тој барем на чело на Националниот економски совет ставил човек од Голдман Сакс наместо О Џеј Симпсон.
Кога ќе се спуштиш во отпадот на нашата актуелна политика, помага да се сетиш на старата изрека: Работите никогаш не се толку лоши за да не можат да станат бетер,“ пишува Пејсер.