Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Како се дојде До Преспански: „Кога ќе дојде време, сѐ ќе кажам“

16 јуни 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Шест години по потпишувањето на Преспанскиот договор, ретко некој од актерите на она што се случуваше по 17 јуни 2018 година денес е спремен отворено да зборува. Кога минатиот месец на еден од брифинзите во Брисел со одговорните лица на ЕУ за досието Македонија го поставив прашањето што ќе се случи ако се докаже дека усвојувањето на уставните измени по Преспанскиот договор било резултат на криминал и корупција, единствениот одговор беше – Собранието ќе мора повторно да одлучува за името Северна Македонија.
  • Дека не се работело само за убедување поединци каква светла иднина ја чека Македонија откако ќе се прекрсти во Северна отворено призна и еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој беше дел од таа валкана игра на доаѓање до бројката 81 „за“ промена на Уставот на Република Македонија.
  • „Осумтемина од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа тогаш кога требаше да се отвора Уставот имаа прилично долг состанок во хотел Мериот со американскиот амбасадор. Прилично долг, неколку часа, во кои тој ги убедуваше, не им се закануваше, зошто тоа би требало да го направат. Сега тоа не може да се замисли да се случува“, откри Стево Пендаровски.
  • Тоа време одамна дојде и пројде. Се смени и власта, а исто како да не се сменила во однос на Преспанскиот договор и националното достоинство. И покрај бедните обиди да се претстави како триумф, Договорот нѐ закова на дното на пониженоста, а за што? Од влегување во ЕУ никогаш не сме биле подалеку – ниту ние сме спремни, ниту некој во ЕУ нѐ сака. Останува само горчината дека нѐ продадоа за беспари, пишува Сашо Дамовски во МКД.мк.

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Самоил и дупките

Балканштина
7

Мирисот на Мосад

Разно
8

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ме плаши светот кој има изгубено смисла за хумор

Преговори се добиваат со плачење

Советизација на американскиот печат

Основни правила на бизнисот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy