Можеш ли да го решиш тестот што Трамп го пројде за систематски?

Како дел од проверката на Трамп му беше даден МОКА тестот (Montreal Cognitive Assessment). Предизвикот кој првично е создаден во 1996 се користи како „стандард за утврдување на блага когнитивна дисфункционалност.“ Тестот трае 10 минути. Според докторот на Трамп, американскиот претседател има 30 од 30 поени на тестот.

1. Петте бројки и букви треба да бидат поврзани во растечки редослед. На пример, 1 е во пар со А, па потоа 2 со Б и.тн.

Резултати: за секој успешен пар добиваш по 1 поен (1-A; 2-B; 3-C; 4-D; 5-E). Добиваш 0 поени ако направиш грешка која нема веднаш да ја коригираш.


 

2. Пациентот мора да нацрта копија од коцката во полето до нејзе.

Резултати: 1 поен ако е нацртана идентично со почетниот пример. Верзијата на пациентот мора да биде 3-дименионална, и сите линии да бидат нацртани.

Ако недостасува една линија или ако линиите не се паралелни или слични, не се даваат ниту еден поен.


 

3. Пациентот треба да нацрта часовник со сите бројки на него и тој треба да покажува 10 минути по 11 часот.

Резултати: се добиваат вкупно три поени, по еден за контурите на часовникот, бројките и стрелките.

Контури: часовникот мора да биде круг. Прифатливи се само мали дисторзии, пример несовршености онаму каде што се затвора кругот.

Бројки: мора да ги има сите бројки и по правилен редослед без исклучоци или дополнителни бројки. Прифатливи се римски бројки, како и бројки поставени вон кругот.

Стрелки: часовникот мора да има две стрелки кои покажуваат точно време. Стрелката за час мора да биде јасно пократка од стрелката за минута.

Ако кој било од горните елементи или критериуми не се исполнат, не се доделува ниту еден поен.


 

4. Пациентот мора да го каже името на секое животно.

Резултати: по еден поен за секој од нив: лав, носорог и камила.


5. Докторот чита список од 5 зборови што пациентот мора да ги запамети и повтори.

Потоа докторот чита втор список и пациентот мора да ги каже сите 10 зборови.

Резултати: докторот го забележува секој збор што правилно бил запаметен од пациентот.

Поредокот не е важен и не се доделуваат поени, само се одземаат за погрешен и нецелосен одговор.


6. (Бројки)

Докторот чита список од пет бројки со темпо од една бројка во секунда, и пациентот мора да му ги повтори по истиот редослед како што му биле кажани.

Докторот потоа чита 3 бројки со темпо од една бројка во секунда, и пациентот мора да ги каже по обратен редослед

Резултати: по еден поен за секоја точно повторена низа.

(Букви)

Докторот чита список од букви, со темпо од една буква во секунда. Секој пат кога докторот ќе ја каже буквата „А“ пациентот мора да плесне со рацете.

Резултати: еден поен ако се направи максимум една грешка.

(Математика)

Пациентот треба да почне од 100 и да одбројува надолу со одземање на 7, се додека докторот не му каже да престане.

Резултати: може да се добијат 3 поени. Еден ако му е точно само едно одземање, два за две или три точни одземања, и три поени за четири или пет точни одземања.

Ако првото одземање не е точно, меѓутоа последователната низа е правилно намалувана, пациентот ќе ги добие поените.


7. Докторот чита реченица и пациентот мора точно да ја повтори.

Потоа чита и втора реченица, со исти правила.

Резултати: за секоја точно повторена реченица се доделува по еден поен.


8. Докторот чита буква и пациентот мора да каже зборови што почнуваат со таа буква.

Целта е да се стигне до над 10 зборови во минута, притоа избегнувајќи имиња на луѓе и места.

Резултати: еден поен за кажување 11 или повеќе зборови за 60 секунди.


9. Пациентот мора да ја опише поврзаноста меѓу зборовите. На пример, воз и велосипед се форма на превоз.

Резултати: еден поен за секој точен пар.


10. Пациентот мора да се сети и да ги каже зборовите што ги слушнал на почеток од тестот.

Резултати: еден поен за секој точно погоден збор.


11. Пациентот мора да го каже точниот датум и името на местото во кое се наоѓаат, вклучително и градот.

Резултати: еден поен за точен одговор, нула поени ако се направи каква било грешка.


Рангирање на резултатите:

Околу 16: пациентот има когнитивно здравје слично на човек со дијагноза за Алцхајмер.

Околу 22: Пациентот може да има блага когнитивна попреченост.

Над 26: Ова се смета за нормален резултат.

30 поени: Одличен резултат.

17 јануари 2018 - 16:17