Горка си заминува од Белата куќа пред еден месец, затоа што во изминатиот период чувствува како таму полека се потиснуваат луѓето кои се дел од оригиналниот МАГА тим (Make America Great Again) и како се промовираат странични интереси. На Горка му прекипува кога го добива говорот на Трамп за Авганистан, во кој нема ни едно спомнување на фразата радикален ислам и радикален исламски тероризам. Според Горка ова е недозволиво да се случи "во еден од најважните говори на новиот претседател околу националната безбедност".
Тој смета дека републиканците вон Белата куќа имаат проблем со перцепција за тоа што се случило на минатите избори, и дека победникот е Трамп, а не Републиканската партија.
"Најголемиот краткорочен проблем за агендата на претседателот е фактот дека Републиканската партија мисли дека тие победиле на изборите.
Тие не победија на изборите. Претседателот беше републикански кандидат по чиста случајност," порачува Горка.
Тој објаснува дека неодамнешната соработка меѓу Трамп и високите демократски функционери од американскиот Конгрес, не е знак за капитулација на американскиот претседател, "туку тоа е порака до (републиканците) Мич Мекконел и Пол Рајан: претседателот е ориентиран на резултати и ако не сакаш да бидеш дел од неговиот тим - ок, има и други луѓе со кои може да се работи."
Наспроти она што неколку месеци се пишуваше во медиумите за судирот меѓу Бенон и Џерод Кушнер (зетот на Трамп), Горка изјавува дека сето тоа време нема видено ниту еден знак дека Кушнер се обидува да го поткопа Бенон или МАГА тимот, и дека тој бил "млад, амбициозен, интелигентен маж кој делува на начини за кои верува дека ќе го претворат претседателството на Трамп во успех."