Во текстот за Бафлер со поднаслов „за залудноста на отпор од социјалните медиуми“, Крис Леман пишува за масовното викање организирано во знак на протест на првата годишнина од изборот на Трамп. Засега, освен настанот во Бостон закажан за 8 ноември, кој на Фејсбук се води под слоганот „Беспомошно дери се кон небото на годишнината од изборот“, кампањата опфаќа уште неколку градови. Неколку илјади луѓе го имаат потврдено своето присуство, додека над 30.000 покажале интерес за ова.
Сепак, концептот на овие собири е смешен. Работата е во тоа што овие дерења не се насочени кон убедување на кого било, или собирање на мнозинска коалиција. Тие не се заинтересирани за унапредување на нашите политики во која било смисла. Наместо тоа, тие се премногу препознатлив пример за либерално супер-его кое едноставно се претставува себе си како навредено. Под ова големо тесноградо расејување, потресените и разочарани либерали можат да се повлечат во своите претпочитани привилегирани засолништа за да се издуваат, додека остатокот од светот и понатаму оди во неповрат, пишува Леман.
Тој ја пренесува изјавата на организаторката на настанот која за Њузвик објаснува дека „администрацијата има нападнато сè што значи да си Американец,“ па оттаму и логично е да се праша - како секој ден да не се чувствуваш беспомошно? Излегувањето заедно нè потсетува дека не сме сами, дека сме дел од огромна заедница на активисти кои се мотивирани и гневни, чии постапки можат да направат разлика.“
„Како? Беспомошното викање е симболична валидација на политички слободи и обновување на чувството на споделена цел на една огромна заедница? Тогаш дали тоа значи дека Гилберт Готфри е најмоќниот лидер на анти-Трамп отпорот - а Кит Олберман негов министер за пропаганда?
Овие изразито придушени услови за реторички ангажман брзо стануваат резервниот начин на спротивставување во добата на социјални медиуми - и како и најголемиот дел мемиња на социјалните медиуми, ваквиот гестовски тип на протест доаѓа со сопствено херметички самооправдано објаснување,“ пишува Леман.
Тој го споменува „одбележувањето“ на една друга Трамп годишнина, овој пат од објавувањето на неговата снимка од Аксес Холивуд, за однесувањето кон и „фаќањето“ жени. За овој ден женската група активистки Ултра виолет одлучи масовните демонстрации во Вашингтон да ги замени со поставување џиновски екран, на кој цели 12 часа се вртеа зборовите на Трамп. Тогаш организаторката во интервју за Вашингтон пост објасни дека „една од причините зошто тролањето на Трамп стратешки е толку скапоцено е затоа што тој реагира на тоа. Ти можеш да влијаеш на она што тој ќе го напише на Твитер или што ќе каже со тоа што ќе му се закачиш на неговиот Твитер фид или на ТВ програмите што ги гледа“.
Историската споредба на Леман е дека пораката „Можеш да влијаеш на она што тој ќе го каже на Твитер“ е многу далеку од „We shall overcome“ или „Работници од цел свет, обединете се!“.
„Треба да се потсетиме дека прототипот за вакви комеморативни изборни викања и слични интервенции во политичката сфера, ориентирани од социјалните медиуми, беше епски заблудениот ’Собир за враќање на разумот и / или стравот’ на Џон Стујарт и Стивен Колбер, кој беше организиран на викендот пред изборите во 2010 - и беше подеднакво несмешно и крајно неефикасно какво што се очекува да биде и претстојното викање.
Како што неодамна забележа Рик Перлстајн во есејот за Бафлер околу либералниот култ кон интелигенцијата, главната цел на собирањето во 2010 беше да се осигура самобендисан конформитет кон конвенционално неоспореното мислење меѓу бледо ироничните следбеници. Настанот во најголем дел беше ’посветен на посочување и исмејување на конзервативците притоа жестоко намигнувајќи’ пишува Перлстајн.
Во текстот Перлстајн забележува: ’Знаците што демонстрантите ги носеа беа испишани со пораки како ’САКА ЛИ НЕКОЈ ПОСЛЕ ДА ИГРАМЕ СКРЕБЛ?’, ’УПОТРЕБУВАЈ ГО ТВОЈОТ ВНАТРЕШЕН ГЛАС’ и ’ГЛЕДАМ ПАМЕТНИ ЛУЃЕ’... Ова се случуваше во тек на истиот викенд кога членовите на Чајанката, што тие ги исмејуваа, тропаа од врата на врата за да ги натераат луѓето да излезат во вторник на гласање. По ова Демократската партија го изгуби Конгресот. Гледам глупи луѓе.’
Ќе помислиш дека еден од знаците на политичка интелигенција е учење од минатите грешки. Меѓутоа целата поента на оваа нова сорта на затворени, само-драматизирачки либерални протести е да се создаде активистичка верзија на харвардското кредо на успехот: еднаш кога ќе влезеш, влезен си - и не дај боже ако некој кој се смета за очигледно паметен и подготвен да и помогне на околината како тебе, излезе со критика. Што се однесува до милионите и милиони разочарани, финансиски необезбедени Американци кои се нашле вон оние маѓепсани кругови на елитистичко поддржување, тие се доволни за да почнеш да врескаш,“ порачува Леман.