Трамп и Бајден до сега имаат потрошено по 350 милиони долари на своите претседателски кампањи, само што процената е дека целата работа не се сведува на трка кој повеќе пари ќе фрли на избори.
Постојат проценки дека веќе во 2030 година Кина ќе ја комплетира својата глобална доминација. Хронично слабата ЕУ и акутно хаотичните САД само го расчистуваат тој пат. Леле бе кој ќе ги гледа домашниве бројлери како се колнат дека друг пат освен кинескиот немаме?
Во средата, 7.10, во Франција излезе нова збирка есеи на Уелбек, под наслов „Интервенции 2020“. Меѓу нив и такви со за многумина скандалознa поддршка на Трамп и на француски полемичар-исламофоб.
Иако звучи како нешто што би го кажал Доналд Трамп, овој пат не е така. Ова се зборовите на син му на Доналд, Ерик, тој што го водат како помалку бистар од двата возрасни синови на американскиот претседател.
„Нема да си го трошам времето“ е инстантната порака на Трамп на предлогот на организаторот, дебатата на 15 октомври да се одржи виртуелно заради страв од ковид-19.
Некогашната прва другарка на Меланија, а сега авторка на бестселер на тема Меланија, објави снимка во која првата дама на САД зборува за аферата на Трамп со Сторми Даниелс а.к.а. „порно курвата“.
Од една страна тешко е во себе да не чувствуваш одвратност додека гледаш како млади ТВ новинари се надвикуваат известувајќи за виталните знаци на стар болен човек. Од друга, мора да знаеме кој моментално раководи со државата, и последиците од релативизирањето на ковид-19 кризата од страна на Доналд Трамп, пишува Бен Смит во Њујорк тајмс.
Доналд Трамп се зарази од коронавирус еден месец пред изборите. Згора на тоа, со своите 74 години е во ризичните групи за ковид-19 и веќе се претресуваат прцедурите што ќе се случи ако до ноември се случат несаканите здравствени исходи. Случајот е без преседан во американската историја, но процедури постојат.
Американскиот претседател Доналд Трамп е позитивен на тест за коронавирус. И Меланија Трамп е позитивна на теста на коронавирус. Со тоа паѓаат во вода муабетите дека тој брак е шминка и постои само заради за пред јавност. Сепак се, значи, блиски.
На претседателската дебата оддржана на 29.09, водителот експлицитно побара Трамп да ги осуди белите супрематисти. Одговорот на Трамп беше протолкуван како кодиран повик кон нив, да „бидат така“ во случај на потреба.
Уште во јули 2016 администрацијата на Обама е брифирана дека Хилари Клинтон наводно одобрила план за стартување на рускиот скандал на Трамп, со цел да се одвлече вниманието од нејзиниот скандал со мејловите, се тврди во документите вчера декласификувани од директорот на американското Национално разузнавање, Џон Ратклиф.
„Америка, ме обвинувате за мешање во вашата демократија, но јас не морам да го правам тоа, вие го правите тоа за мене,“ е текстот што е одбран за Путин во предупредувачкото дипфејк видео чија порака е дека странските сили немаат потреба да се мешаат во изборите на земјата, бидејќи самите Американци ќе ја уништат сопствената демократија.
Не само што платил помалку данок од најголемиот дел богаташи во САД, туку платил помалку и од добар дел сиромашни Американци, пишува Њујорк тајмс во текстот во кој за прв пат во историјата се објавуваат даночните пријави на Доналд Трамп.
Уште за изборите 2016 една од сериозните паники на Демократите беше дека следниот претседател ќе треба да пополни едно испразнето место на американскиот Врховен суд, а и судијката Рут Бадер Гинсбург дека не е добра со здравјето. Трамп го пополни празното место, во меѓувреме именуваше уште еден врховен судија и сега брза да го фати и местото што се ослободи по неодамнешната смрт на Гинсбург.
25 години помеѓу судиите на Врховниот суд на САД. Втора жена која е избрана на ваква функција во историјата на американското судство. Рут Бадер Гинзбург е една од иконите на американската борба за човекови (посебно женски) права. Почина на 18 септември на 87 години.
„Танцувачки носачи на сандаци“ се група талентирани мажи од регионот на Акра во јужна Гана, кои можат да организираат два вида погреб - сериозен и „шизички“. Вториов подразбира многу играње и екстравагантна гардероба.
Основите доаѓаат од учебниците на источногерманската тајна полиција, Штази, што Путин ги совладува на почетокот од својата кариера, само сега нишанот е кренат многу повисоко.
Доналд Трамп планира „да преговара“ за да добие и трет претседателски мандат бидејќи тврди дека „има право на тоа“. Бројките од актуелната трка со Бајден велат дека еден мандат му виси, а тоа не е третиот.