Процената на Смит е дека без разлика на исходот од гласањето во ноември, здравствените проблеми ќе бидат главна тема во американската политика во следните години. Во сегашната хиерархија на наследување, по Трамп и Пенс, се спикерот на Сенатот, 80-годишната Ненси Пелоси, в.д. претседателот на Сенатот, 87-годишниот Чарлс Грасли, двајцата најмоќни заменици на Пелоси, Џејмс Клајбурн и Стени Хојер, кои се по 80 години. Тука се и 85-годишниот претседател на комитетот на Сенатот за вооружените сили, Џо Бајден кој следниот месец полни 78 години, и речиси една година помладиот лидер на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, кој исто така се бори за реизбор во ноември.
На страна што доминацијата на оваа демографска група значи за САД и за светот, за новинарите тоа значи дека тие мораат „да ги надминат своите табуа и да бидат искрени околу природниот процес на стареење.“
„Меѓутоа за следните неколку години, најмалку, возраста на нашите лидери и здравјето ќе бидат голем дел од вестите. Потребна ни е култура на известување која е подготвена да се справи со јавниот залез на оваа генерација лидери, се додека тие инсистираат да останат во јавноста. Истражување на прашања за сè од спиење до когнитивните капацитети не треба да бидат забранети.
Професорот по неврологија и политички науки од Универзитетот Калифорнија, Ирвајн, др. Марк Фишер, објаснува: 'ќе биде од корист ако новинарите имаат познавања од медицина и ги поставуваат правилните прашања, пример за притисок, ритамот на срцето или проблеми со спиењето.
Колку поспецифични и прецизни се прашањата, толку подобро. Новинар со робустен фонд на знаење секогаш е голема предност’.
Кога политичарите не сакаат да објават точни резултати, дијагнозите од здравствените експерти треба да се третираат како вести. Шепкањата меѓу новинарите и советниците на законодавците исто така треба да станат официјален запис. И најмоќните луѓе во земјата треба да научат од катастрофалниот пример на Трамп дека ако постојано лажеш за своето здравје, никој нема да ти верува кога ќе се случи криза,“ пишува Смит.