Според рачно напишаните белешки од поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, тој во 2016 директно го брифирал Обама и останатите високи функционери за национална безбедност, за информациите што ги имал, вклучително и „наводното одобрување од Хилари Клинтон на предлогот од еден нејзини советник за надворешна политика да се клевети Доналд Трамп со цел да се предизвика скандал во кој ќе се тврди вмешаност од руските безбедносни служби.“
На 7 септември 2016 американското разузнавање испраќа материјали до директорот на ФБИ, Џејмс Коуми, околу “одобрувањето од американскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон на планот во врска со Доналд Трамп и руските хакери за попречување на американските избори како начин за одвлекување на вниманието на јавноста од нејзиното користење на приватен меил сервер.“
Инаку целиот извештај се базира на документи од руско разузнавање до кои стигаат американските тајни служби, а Ратклиф при нивното објавување дополнува дека „американските разузнавачки агенции не се сигурни за точноста на овие обвинувања или за обемот во кој руската разузнавачка анализа може да е претерана или фабрикувана“.
Трамп и неговите сојузници цело ова време тврдат дека кампањата на Клинтон соработувала со украинската влада во создавање на Трамп-Русија конспирацијата и саботирање на неговата кампања. Ова тврдење не е потврдено од американските разузнавачки служби.
Демократите на волеј ја дочекаа постапката на Ратклиф, која е и вон сите стандарди на однесување на функционер на таа позиција посебно во изборна година и посебно на 35 дена пред изборите.
Ник Мерил, портпаролот на Клинтон, објавените документи од Ратклиф во порака до магазинот Политико ги опишува како „неосновано срање“.