На снимката што Стефани Винстон Волкоф ја објавува на подкастот на Мајкл Коен (поранешниот адвокат на Трамп), Меланија дискутира околу Даниелс нарекувајќи ја „порно курва“.
Во разговорот со тогаш другарката, Меланија се пожалила околу една фотосесија на Даниелс за Вог во 2018.
„Гуглај и прочитај. Ен Либовиц ја фотографирала порно курвата и ќе биде во едно од изданијата, септември или октомври,“ рекла Меланија.
Коен ја прашува Волкоф за тоа каков бил ставот на Меланија околу аферата на Трамп со Сторми, која се случува кратко откако Меланија го раѓа Барон Трамп, и според нејзе Меланија изјавила дека ако Доналд стане претседател на САД „морал да биде подготвен дека целиот негов живот ќе биде отворен во медиумите“.
Минатата недела на истата вечер кога Трампови објавија дека се позитивни на ковид-19, Волкоф објави други снимки во кои Меланија се жали што мора да го надгледува божиќното украсување на Белата куќа („Кого го здоболе за божиќниве работи?“) и за тоа што ја критикувале за одлуката на Трамп за разделување на мигрантските семејства („Give me a fucking break“).
Волкоф освен книгата “Меланија и јас“, објавува снимки од нејзините разговори со првата дама на САД направени пред таа да ја напушти Белата куќа заради проневера со пари собрани за инаугурацијата на Трамп. Волкоф, која негира дека направила каков било прекршок, тврди дека Меланија одбила да ја одбрани во таа ситуација.