Претпоставката е дека Трамп се има заразено од неговата блиска советничка, 31-годишната Хоуп Хикс, за која се знае дека исто така е позитивна на вирусот. Хикс беше на претседателскиот авион за време на летот за неодамнешната ТВ дебата.
Трампови немаат симптоми и тестот го прават откако се дознава дека Хикс била позитивна на вирусот. Карантинот ќе го минат во Белата куќа.
Се уште не е јасно како позитивниот тест ќе влијае на одржувањето на втората претседателска дебата закажана за 15 октомври во Мајами.
Трамп со 74 години и прекумерна тежина е во една од најризичните групи на ковид-19 пациенти.