На почетокот на 20 век, „Доматните клубови“ биле начин младите девојки да се образуваат во областа на земјоделието, но и да се здобијат со вештини кои им овозможувале приход и поголема независност.
Читајќи ја „дебелата“ биографија на Хемфри Бартон за Бернштајн (преведена и на македонски), човек не може а да не се праша зошто до сега никому не му текнало да сними филм за овој бескрајно талентиран и необичен лик. Во меѓувреме сепак му текнало, и тоа на Бредли Купер.
Не знам каде прв пат го сретнав името на Златко Василкоски, но тоа сигурно бил некој летечки линк, на кој знае кој портал или, како што обично се вели кога се сака да се наведе генерички, а авторитативен извор на информации - „го видов некаде на интернет“. Ама тоа беше доволно за да ја прочитам неговата книга.
Еден од оние моменти на амбивалентност, кои настапуваат особено кога треба да се донесат големи животни одлуки или да се одбере страна. Ако нашата когнитивна и емотивна вага не превагнува јасно на една или на друга страна, тоа чувство ни создава стрес. Но дали ова е секогаш лошо?
Пролетта 1933, Малком Магериџ, дописник на Гардијан од Москва, тајно патувал низ Украина и северен Кавказ, кои во тоа време биле житницата на Советскиот Сојуз. Но наместо да види нахранети и задоволни луѓе, бил ужаснат од масовното гладување и купиштата мртви тела. Неговите репортажи биле изнесени од земјата со дипломатска пошта и биле објавени анонимно на 25, 27 и 28 март.
Учествуваат на аудиции. Плаќаат даноци уште од првата година. Добиваат критики за своите улоги. И не ги бркаат од сет кога ќе ги наполнат пелените. Штета што најверојатно нема ни да се сеќаваат на овие искуства.
На „опашката“ на актуелните настани со Ѓоковиќ на далечниот континент, искрснуваат приказни за други Срби кои „заглавиле“ таму, овој пат по своја волја. Новостекнатото име на еден од нив на јазикот на абориџините значи „утринска ѕвезда“. Му го доделиле како благодарност за неговото писателско залагање за нивните права.
Научно-фантастична серија стрипови која според зборовите на критиката „им во вади сексистичкото срце на експлоатативните дискурси во врска со жените, а потоа нивните трупови ги лансира во друга галаксија".Доволно да го заскокотка феминистот во секој од нас.
Нешто помеѓу помен и трибјут, во њујоршкиот Челси Хотел се отвори изложба на слики на еден од основачите и според многумина ’рбетот на славниот панк бенд. Тоа што таа е организирана токму во овој хотел има и посебна симболика.
Еден њујоршки дизајнер се обидува да ги преиспита постулатите врз кои почива технологијата - брзината и постојаната иновативност. Неговата верзија на познати видео игри се во форма на коцка, и на нив може да правите само еден потег дневно.
Токму навреме за „најважниот оброк во денот“, текст за еден феномен кој сме го мислеле откако прв пат сме појадувале во хотел. Ние имаме добра причина зошто сега веќе го прескокнуваме - има некоја тага во едвај расонетите луѓе кои во рани зори бутаат пржени јајца и се одлучни во тоа да ви прават осмислен разговор, додека вашето асоцијално јас сè уште не е успиено од дневното, политички коректно „друго".
Колку варијанти на дистописки книги претворени во филмови, кои зборуваат за тинејџери кои го предизвикуваат системот со своите востанички потфати можете да поднесете? Што се однесува до нас, ако главниот лик е женско на граница на супер-херој, колку сакате. Па уште ако вешто ракува со студено оружје...
Документарен филм чија премиера во САД се случи во март оваа година, а во Британија токму денес (18.7), зборува за ликот и делото на една таинствена жена, која за време на животот направила повеќе од 150,000 фотографии за кои до скоро никој не знаел. Сега тие се вбројуваат во врвот на уличната фотографија.
Во чест на почетокот на фудбалското првенство, неодамна беше реиздадена книгата на Алекс Белос, Futebol, која се однесува на историјата и културата на бразилскиот фудбал. Едно поглавје е посветено на необичниот дизајнер на бразилскиот дрес.
„Посетители“, новиот филм на овој автор кој не сака да се нарекува ниту авангарден, ниту режисер, се состои од долги и бавни прикази на човечки лица, кои гледаат директно во нас.
Вчера вечер (26.3) Пети Смит отвори голема ретроспективна изложба на фотографии на нејзиниот поранешен партнер и пријател, кој почина од сида во 1989, на 42 години.
Вознемирен од можниот успех на радикалната десница на локалните избори во Франција кои се во тек, Бернар-Анри Леви на својот сајт објави список имиња и обвинувања за нејзини членови и функционери. Французите, а богами и цела Европа, треба да знае.
После 10-те песни составени од наслови на офф.нет, решивме да го прошириме полето за поетска инспирација. Еве неколку составени од наслови на денешни вести кои ги најдовме на агрегаторот Daily.mk. Заеднички на сите би можел да им биде - „Животиште“.
Инспирирана од денешната статија за твитерџијата кој си го нашол чарето, прочепкав по мојот изминат твитер труд. Чаре додуша не најдов, ама по првата збирка, издвоив твитови за уште една.
Во февруари 1910 Томас С. Елиот почнал со пишување на песната која за многумина го означува преминот од романтичниот стих на доцниот 19 век кон модернизмот. Таа е за сите оние кои се осмелуваат да го вознемират космосот, пиејќи го утринското кафе.
Во чест на отварањето на Олимпијадата во Сочи, Олимпијскиот музеј во Лозана организира изложба „Руската авангарда и спортот". Таа покажува дека Русите одамна ја сфатиле поврзаноста меѓу масовните спортски настани и политиката.
Пријател и соработник на Дали изработува парчиња мебел инспирирани од неговите слики. Најновото дело му се вика „Ксaи“ и претставува масичка за во спална направена од препарирана овца. Цена - џабе.