Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Манчестер Јунајтед е најмалку посакуван гостин

Играњето на гостински терен е тешка задача за секој клуб во Премиер лигата. Во 21-годишната историја на лигата, само Манчестер Јунајтед има победено на повеќе од половината гостински натпревари.

Операцијата „Ласт бет“ не застанува со апсења

Новото име од бившите ју-простори кое денеска заврши со лисици во Италија, поради местење натпревари е Словенецот Адмир Сулиќ. Тој се смета за еден од главните посредувачи од криминалната организација, кој имал задача да дејствува во јужна Европа.

Кошаркарите на Ефес дел од феноменална скриена камера

Челниците на Анадолу Ефес сакале да снимат нова реклама за клубот во која главната улога ќе ја имаат нивните кошаркари. Тоа и го сториле, но без нивно знаење.

Невозможнa мисиjа за Наполи

Единствените двајца македонски претставници во второто по ранг клупско европско натпреварување, вечерва се пред тежок испит. Горан Пандев ќе ја брка предноста на Викторија Плзен од 3:0, а тимот на Даниел Георгиевски со негатива од 2 гола го пречекува Ајакс.

Не фати милион фунти во кладилница заради Барса

Англичанецот Сајмон Пике беше блиску до погодување на точните резултати на сите 8 натпревари во Лигата на шампиони и да добие милион фунти во кладилница. Последен резултат кој го чекаше беше победа на Барселона од 0:2.

Вулгарна прослава

Оваа прослава при постигнат гол во мексиканскиот фудбалски шампион е пример, како не треба да се радувате кога ќе ги затресете мрежите. Срамната идеја ја практикуваат Луис Техада од Толука и Ефраин Велард од Пумас кои за овие гестови добија казна од по 7500 евра.

Првиот гол на Милан е чист

Голот на Боатенг против Барселона предизвика многу полемики, но новите снимки докажуваат дека Запата не играл со рака.

Најдобриот стрелец игра како напаѓач само 3 сезони

Кога ќе се спомене Галатасарај, сите веднаш помислуваат на Дидие Дрогба и Весли Снајдер, но човекот кој е најзаслужен за досегашниот успех на турскиот тим се вика Бурак Јилмаз, најдобриот играч по групната фаза и водечки стрелец во Лигата на шампиони.

Милан ја сруши Барселона

По долгата доминација на Барселона, фудбалерите на Милан конечно ги покорија „Каталонците". Барселона цел натпревар не упати удар во рамките на голот и Милан на реваншот ќе патува со 2:0. Шалке го преживеа пеколот во Истанбул и одигра 1:1 на гостувањето кај Галатасарај.

Пилотите на Ф1 очекуваат повеќе запирања во боксот

Брзото трошење на новите гуми на „Пирели" кои ќе се користат во новата сезона во Ф1 ќе придонесе за повеќе запирања во боксот, а тоа треба да значи и поголема возбуда на трките, сметаат дел од водечките пилоти.

Празните седишта носат милионски загуби во Англија

Според последните анализи на агенцијата за истражување „BDRC Continental", половина од клубовите во Премиер лигата трпат загуби од над милион фунти поради неисполнетите стадиони.

Боксер суспендиран по фантомски нокаут

Николас Кејпс заработи суспензија откако одглуми дека е нокаутиран по само 13 секунди борба со поранешен рагби играч од НФЛ.

Голот на Бабунски во Топ 10 на Барселона

Македонскиот фудбалски бисер продолжува да ги тресе мрежите во дресот на Барселона. Последниот гол на Давид Бабунски се најде на 6-та позиција помеѓу најдобрите 10 голови постигнати од младинските тимови на Барселона во изминатата недела.

Шпионските игри на Барселона

Јавниот обвинител на Каталонија покрена обвинение против поранешните потпретседател и директор на фудбалскиот клуб Барселона заради шпионирање на менаџерите, директорите и сите останати вработени во клубот во периодот од 2005-та до 2008-та година.

Безбол ѕвезда загуби 12 милиони заради бизарна повреда

Франциско Лириано потпиша договор вреден 1 милион долари со безбол тимот од Питсбург, но проблемот е што пред само неколку месеци истиот тим му имаше понудено договор од 13 милиони кој не го потпиша затоа што се повредил играјќи си со децата.

Гол од преку пола терен

При водство од 1:2 за Свиндон, фудбалерите на Транмер во судиското продолжение тргнаа со сите сили во напад и го оставија голот остана празен, па на Гери Робертс не му беше тешко да го реши натпреварот со гол од преку 70 метри.

Барселона редовен гостин на Сан Сиро

Екипата на Милан не може глава да крене од силата на „Каталонците" со кого само минатата сезона во Лигата на шампионите се сретна четири пати. Иако се работи за помалку актрактивен меч според имињата на клубовите, Турците со нетрпение ги очекуваат настапите на Снајдер и Дрогба на европската сцена.

Пинг понг мајсторија

Французинот Квентин Робино изведе збунувачки удар на натпреварот против белорускиот противник кој немо го проследи топчето и на крајот му аплаудираше за мајсторијата.

Политички азил за цела фудбалска репрезентација

Фудбалската репрезентација на Еритреа по трет пат остана без играчи откако Уганда им даде азил на 15 фудбалери и тимскиот доктор кои исчезнаа за време на турнир во декември минатата година.

Германците го освоија Лондон

Ги најавуваа како „казнена експедиција", а тие го потврдија својот фаворитски статус. Баерн Минхен го победи Арсенал среде Лондон. На вториот вечерашен натпревар Порто и го нанесе првиот пораз на Малага во Лигата на шампиони.

Реновирањето на Маракана никако да заврши

Градежните работници кои се должни за обновување на големиот стадион во Рио Де Жанеиро со штрајк го изразија своето незадоволство од односот на бразилските власти. Стадионот каде ќе се играат дел од натпреварите на Мундијалот во Бразил требаше да биде завршен на крајот на 2012 година.

Руско-украинска лига ќе стартува од 2014

Идејата за екс-Ју лига постои уште од распаѓањето на Југославија, но никако да се мрдне од мртва точка, додека пак Русите и Украинците за неколку месеци постигнаа начелен договор, а првиот човек на Гаспром веќе го најави и почеток на обединетата лига во 2014-та година.

Тикет на колото

Овие три дена на терените низ Европа ќе се одиграат многу натпревари кои се интересни за гледање, но и за типување во кладилниците. Ова се нашите пет предлози.

Среќа во несреќа на драг-рејс трка

Антрон Браун кој е еден од најдобрите возачи на автомобили во категоријата „Драг Рејс" преживеа чудо. Во моментот кога достигна брзина од неверојатни 480 км на час, не само што куртули од најлошото, туку лекарските прегледи покажале дека тој не е ниту повреден.