Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Голчиште и прослава на неделата

За најубавиот гол проследен со посебен начин на прослава го прогласуваме моментот на натпреварот од мексиканското првенство помеѓу екипите на Пачука и Круз Азула.

Елитната шампионска лига продолжува

По пауза од само шест дена љубителите на фудбалот повторно ќе уживаат во нови четири дуели од најквалитетно клупско европско натпреварување, кои ќе се играат во следните два дена. Погледите се насочени кон Лондон, каде силите ќе ги одмерат Арсенал и Баерн Минхен.

Кралица на бунарите

Тамам ќе помислиме дека сме го виделе најлошото слободно фрлање, веднаш ќе ни стигне ново видео. Минатата година го избравме кралот на бунарите, а овој пат ја имаме кралицата на бунарите од слободни фрлања.

Голф масторија

Целта на овие момчиња од универзитетот „Кембел“ во САД е сите 9 топчиња да ги внесат во иста дупка. Еве како го смислија тоа дело.

Што беше тоа фер плеј?

Се почесто сме сведоци на неспортско однесување на фудбалските терени, а последната таква сцена ни доаѓа од Перу.

Затвор и доживотна суспензија за 33 местачи

Поранешниот клуб на Дидие Дрогба и Николас Анелка, Шангај Шенхуа остана без титулата од 2003-та година заради местење натпревари, а 33 фудбалери и функционери добија затворски казни и доживотни суспензии.

Венгер заборави што е тоа пехар

Францускиот стратег кој веќе 17 години е на кормилото на Арсенал, последната радост на навивачите има ја донесе во 2005 година, кога со победата во финалето над Манчестер Јунајтед го освои ФА Купот на Англија. Од тогаш Арсенал е без трофеј точно 2830 дена.

На Портсмут му е важна секоја фунта

Поранешниот член на англиската Премиер лига, фудбалскиот клуб Портсмут се наоѓа во толкава финансиска криза што дури им наплаќа паркинг и на гостинските тимови кога со автобус ќе пристигнат на натпревар.

Најбрзите пет проектили

По големата "бомба" на Франческо Тоти која леташе во голот на Џиџи Буфон со 113 км на час, ќе ве потсетиме на најсилните пет голови кои беа измерени како најбрзи. Рекордот се уште го држи Руни Хеберсон од Спортинг Лисабон, а неговиот проектил беше измерен дека се движи со 221 км на час.

Прогресот на Меси

Со пресвртот против Гранада за кој е заслужен големиот мајстор на фудбалска игра Лео Меси со двата гола, бројот на неговите постигнати погодоци се искачи на 301. Човекот кој стрела на 14 мечеви во низа, само Господ знае каде ќе му биде крајот.

Речник за местење натпревари

Во исчекување на повеќе информации околу истрагата за 680 наместени натпревари во целиот свет, медиумите ги открија тајните шифри на местачите. Во Хрватска тие биле поврзувани со храна, а во Турција местачите користеле земјоделски поими.

Берлускони открива како ќе се чува Меси

Претседателот на Милан кој синоќа гостувал во телевизиска емисија, држел лекции како треба да изгледа тактиката на неговиот тим на мечот против незапирливата Барселона, кој се игра во среда во рамките на Лигата на шампионите.

Олдам забрани менување дресови со Евертон

Управата на фудбалскиот клуб Олдам им забрани на нивните играчи да менуваат дресови со фудбалерите на Евертон по натпреварот од ФА купот затоа што третолигашот бил во криза со опрема.

Најмрзливиот фудбалски судија

Најнезаинтересираниот и најмрзливиот судија без волја за живот беше забележан на јуниорски фудбалски натпревар во Мароко.

Западот повторно подобар во НБА

Трета година по ред Западната конференција триумфира против колегите од Истокот на натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата. За МВП на натпреварот беше прогласен Крис Пол од ЛА Клиперс.

Цедевита на колена, МЗТ триумфираше во Загреб

Во неизвесна и драматична завршница кошаркарите на МЗТ Скопје со 78:76 успеаа на гостински терен да триумфираат против тимот на Цедевита. Јунак на мечот беше Огнен Стојановски кои погоди клучни два поени на три секунди до крајот.

Рос крал на забивањата, Ирвинг најдобар тројкаш

Во саботната ноќ на програмата на Ол стар викендот во Хјустон најатрактивни беа натпреварите во забивање и шутирање тројки. Најдобар забивач беше Теренс Рос од Торонто, а Кајри Ирвинг од Кливленд е победник на натпреварот во шутеви за три поени.

Голчиштето на Тоти

Рома го совлада Јувентус со 1:0, а единствениот погодок на натпреварот беше ремек-дело на Франческо Тоти. Неговиот проектил патувал со 113 km/h.

Металург како на тренинг во Русија

Во претпоследната битка во групната фаза од Лигата на Шампионите, екипата на Металург го декласираше тимот на Санкт Петербург на гости убедливо со 32:14 и направи важен искечор во борбата за второто место во групата.

Баркли поуспешен од Шек

Со натпреварот помеѓу двете екипи скроени по вкусот на поранешните ѕвезди Чарлс Баркли и Шекил О'нил стартуваше 62 издание на НБА Ол стар викендот кој се одржува во Хјустон.

Голови на неделата

Уживајте во редовниот избор на TVGOLO на најдобрите 10 голови од изминативе 7 дена. Меѓу нив се ножичките на Рикардо Фати, магичниот скок на Роналдо, слободниот удар на Герет Бејл...

Тикет на колото

По последните два промашени меча на тикетот кој го составивме со натпревари од европските натпреварувања, повторно се враќаме со предлог од 5 дуели во националните првенства кои се надеваме дека овој пат ќе завршат според нашата прогноза.

Победничка ноќ за Антиќ и Мекејлеб

Единствените двајца македонски кошаркари кои се борат во топ 16 фазата од Евролигата, победнични го завршија седмото коло во најелитното клупско кошаркарско натпреварување. Антиќ во дресот на Олимпијакос обезбеди голема победа на гостувањето против Кимки, а Бо Мекејлеб го доби турското дерби против Бешикташ.