Аризона Дајмондблекс е клубот кој му го покажа на светот најхуманиот и најемотивниот чин во историјата на спортот. Со само еден гест реши да му ја спаси кариерата на Хан Кори, кој по тешката повреда на р'бетот беше приморан бејзбол палката да ја замени со книга.
31 годишниот Кори важел за перспективен бејзбол играч и еден од најголемите надежи во 2010 година кога ја освоил титулата „Мистер бејзбол" во Калифорнија. Тој бил избран во 26 коло од драфтот во Сан Диего, а можел да биде избран и многу порано, доколку се откажел од учењето.
Кариерата на колеџ лигата му завршила многу кратко по само 3 натпревари откако на средбата против Њу Мексико на 20 февруари 2011 година заработил тешка повреда. Го изнесле со количка, но по извршената операција тој морал предвреме да се збогува со кариерата затоа што со кршењето на петтиот пршлен бил парализиран.
Помирен со најлошиот момент кој му се случил во животот утеха наоѓал како помошник тренер на универзитетот, а истовремено му се посветил на образованието. Но со само еден телефонски повик на Кори му се случил пресврт во животот.
И покрај тоа што не е целосно во можност да ги исполнува професионалните обврски, скаутот на Аризона Дајмондблекс, Реј Монтголеми му предложил на претседателот на клубот Дерик Хол да го ангажираат талентираниот Кори и идејата веднаш ја реализирале.
„Немам зборови за да им се заблагодарам на луѓето што го направија ова за мене. Многу сум возбуден и за ова ќе им се заблагодарувам до крајот на мојот живот. Горд сум што сум дел од овој тим", изјави Хан.
Луѓето од клубот не го сметаат ова само за хуман гест, туку сметаат дека тој може да помогне со неговото знаење, а планираат да му понудат и полно работно време. Драфтувањето на Хан Кори се случило во 34 коло од драфтот во чест на неговиот број 34 кој ќе го носи на новиот дрес.