Еднонеделниот аранжман го нуди руска туристичка агенција, а доколку сте спремни да издвоите толкава сума на пари ќе добиете 6 ноќевања во хотел со 4 ѕвезди за двајца, потоа 2 дневни карти за натпреварите во уметнично лизгање како и влезници за затворањето на игрите.
Доколку не ви фаќа око овој предлог и сакате да одите во сопствена режија најскапите влезници за Сочи 2014 се за хокеј каде најдобрите седишта се до 994 евра. Уметничкото лизгање е втор најспак спорт со карта до 488 евра.
Оние со помал буџет ќе можат да следат биатлон, ски скокови или карлинг за 37 евра, а најефтини се влезниците за женскиот екипни трки со боб санка кои чинат 25 евра.
Но и од тоа има поевтина понуда, а тоа е да не одите на ниту еден натпревар и со девојката да прошетате во олимпискиот парк каде ќе треба да платите 4,5 евра.