Салах Нурудин е 49-годишен бизнисмен од Бахреин кој пред неколку месеци купи дел од акциите во поранешниот Премиерлигаш Лидс по што беше назначен и за потпретседател на клубот.
Човек со ваква функција во било кој македонски клуб може да протне свое дете во прв тим, а не па во младинци, но во Англија не функционираат така работите.
Нурудин најпрвин им предложил на тренерите од академијата да го поканат на проба Идрис Тахар, 18-годишен фудбалер кој е син на негов деловен соработник. Тахар одбработил неколку тренинзи со младинците, но не бил доволно талентиран и тренерите решиле да го вратат дома.
Но потпретседателот повторно се обидел извршил притисок врз тренерите за тие да му понудат договор на младиот фудбалер, по што морале интервенираат и останатите членови на управниот одбор.
Откако за целиот скандал дознаа и медиумите, портпаролот одби да ја коментира ситуацијата во детали, но изјави:
„Место во нашата академија ќе им биде понудена само на фудбалери кои заслужуваат да бидат дел од нашиот клуб."