Анализите на Фудбалски истражувачки центар од Швајцарија го покажуваат работењето на гигантите од Европа во најсилните 5 лиги или поточно која е вредноста на нивниот тим, а за колку пари успеале да го состават.
Само еден клуб се издвојува во ова истражување кој слободно може да го наречеме домаќински во однос на купувањето играчи, а сепак стана доминантен во последните неколку години. Тоа е Барселона.
Тимот кој по неколку пати ги освои сите можни титули вреди високи 560 милиони евра, а е изграден со 194 милиони евра, а тоа покажува дека вредноста на фудбалерите на Барса сега е поголема за дури 365 милиони евра.
На оваа листа како најголем трошајлија се издвојува Реал Мадрид кои за моменталните играчи кои ги поседува потрошил дури 431 милион евра, а сега чинат околу 6 милиони помалку.
Помеѓу 15-те европски клубови најпретпазлив во трошењето се покажал Борусија Дортмунд кој со влог од 51 милион евра стигна до финалето од Лигата на шампионите. Но затоа вредноста на „Милионерите" сега изнесува скоро 200 милиони евра, или поточно 147 милиони повеќе.
На третата позиција на оваа листа се наоѓа европскиот шампион Баерн Минхен кој сега вреди 120 милиони повеќе, а трите клубови кои имаат нешто повеќе од 43 милиони евра загуба се Интер, Манчестер Сити и ПСЖ.
Според истражувањето од Швајцарија највредниот состав од 11 фудбалери на сите позиции изнесува 564 милиони евра, а најскап од нив е Лионел Меси кој "тежи" речиси 185 милиони евра.