Уште една „што ако" табела од "Opta Sports". Откако пресметаа дека Ливерпул ќе играше во Лигата на шампиони ако се ударите во стативите и пречките се броеја како голови и дека Арсенал ќе беше шампион ако фудбалерите не правеа толку грешки, сега шпанскиот оддел (@OptaJose) направи рангирање на тимовите од Примера само со головите постигнати од Шпанци.
Она што прво паѓа во очи е пласманот на Реал Мадрид. Оваа сезона тие постигнаа 103 голови, но само 13 од нив ги постигнаа Шпанци. Само со овие голови Реал Мадрид ќе забележеше 7 победи и ќе испаднеше од лига. Најефикасен Шпанец во Реал Мадрид е Рамос со 4 гола.
Барселона и без 46-те голови на Меси ќе беше шампион, најмогу благодарение на погодоците од Фабрегас (11), Виља (10), Педро (7), Тељо (7), Чави (5)...
Веднаш зад Барса ќе беа локал-патриотските клубови Атлетик Билбао и Реал Сосиедад. Во Атлетик Билбао играат само фудбалери со потекло од Баскија, а во Реал Сосиедад смеат да играат странци, но не и Шпанци кои не потекнуваат од Баскија, па тие во својот прв тим имаат 17 фудбалери од сопствената академија.