Себастијан Фетел тргна од пол-позицијата и до крајот извозе скоро перфектна трка, па борбата не се водеше за првото место, туку за останатите позиции. Зад Фетел се пласираа Фернандо Алонсо од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес.
Фетел по трет пат во кариерата ја имаше пол-позицијата, но за разлика од 2011-та година кога направи грешка во последниот круг и минатата година кога загуби заради лошата тактика, овој пат ја искористи својата шасна и го забележа третиот триумф на седмата трка оваа сезона.
И додека Фетел уште на половина од трката имаше 15 секунди предност, зад него се водеше вистинската борба. Алонсо кој тргна од шестата позиција, на седум круга до крајот успеа да го претекне Хамилтон и се задржа на оваа позиција.
Следната трка ќе се вози на 23 јуни на патеката Силверстон во Велика Британија.
ГН на Канада, пласман:
1. Себастијан Фетел (Ред Бул) 1:32:09.143
2. Луис Хамилтон (Мерцедес) +14.4
3. Фернандо Алонсо (Ферари) +15.9
4. Марк Вебер (Ред Бул) +25.7
5. Нико Розберг (Заубер) +69.7
Генералени пласман на возачи:
1. Себастијан Фетел 132 поени
2. Фернандо Алонсо 96
3. Кими Раиконен 88
4. Луис Хамилтон 77
5. Марк Вебер 69
Генералени пласман на конструктори:
1. Ред Бул 201 поени
2. Ферари 145
3. Мерцедес 134
3. Лотус 114
5. Форс Индија 51