Натпреварот помеѓу Естудијантес и кандидатот за титулата во аргентинското првенство, екипата на Ланус беше прекинат на полувремето откако официјалните лица дознале за загинатиот навивач.
Нередите започнале уште пред натпреварот и се одвивале во текот на целото прво полувреме. Локалните медиуми јавуваат дека покрај загинатото лице, уште еден навивач бил тешко повреден.
Ова е втор прекинат натпревар за само три дена. Натпреварот помеѓу Велез Сарсфилд и Ол Бојс траеше само 25 минути и беше прекинат откако гостинските навивачи ја пробија заштитната ограда.
Нереди имаше и на дуелот помеѓу Ривер Плејт и Индепендиенте. И на овој натпревар гостинските навивачи ја пробија заштитната ограда затоа што нивниот тим губеше, но за среќа не се случија поголеми инциденти.