Англиска Премиер лига
Споредено со останатите европски лиги, во Англија се игра фудбал со најмногу додавања и е „најчиста" лига, односно таму фудбалерите најретко фаулираат. Најпросечен фудбалер во англиската Премиер лига, односно играч кој има статистики најблиску до просечните е Џејмс Морисон од ВБА.
Шпанска Ла Лига
И Шпанците сакаат многу да додаваат, но тие тоа не го прават баш најдобро, па според статистиката, нивната лига е најслаба од Топ 5 во оваа категорија. Фудбалерите од шпанската Примера се најдобри во однос на бројот на шутеви упатени кон противничкиот гол.
Италијанска Серија А
Како што и се очекуваше, фудбалерите од Италија се најдобри според бројот на лизгачки стартови и процентот на успешни додавања. Но тие најверојатно имаат најслави напаѓачи или пак најдобри голмани, па фудбалерите од Серија А се најлоши според процентот на реализација на шутеви.
Германска Бундеслига
Фудбалерите од Германија добија златни медали во 3 категории, а не се најлоши во ниту една. Тие се најдобри според процентот на реализација на шутеви, најмногу крадат топки, но прават и најмногу фаули.
Француска Лига 1
Французите пак не се најдобри во ниту една од седумте категорија, а најлоши се според бројот на шутеви, додавања и лизгачки стартови. Она што изненадува е фактот што Лавеци, фудбалерот за кој ПСЖ плати 26 милиони евра е најпросечен фудбалер во Франција.
А вака изгледаат статистиките на еден просечен фудбалер од Лигата на шампиони: