Мајсторот на земја за разлика од долгото исцрпувачко полуфинале против Новак Ѓоковиќ, финалниот дуел го реши за само 2 часа и 16 минути и со 3:0 во сетови (6:3, 6:2, 6:3) го доби финалето против Ферер и со тоа докажа дека се уште владее на отворениот турнир во Париз.
Ова беше 25 дуел помеѓу двајцата шпански тенисери, а Рафаел Надал е многу поуспешен со 20 победи. Со осмата историска Грен слем титула на Роланд Гарос, Надал стигна до својата 12-та во кариерата, а Ферер го загуби своето прво Грен слем финале.
На последните 9 финалиња во Париз, само Роже Федерер освои едно и успеа да му ја прекине серијата. Со овој триумф тој ги мина Пит Сампрас и Федерер кој имаа по 7 трофеи на Вимблдон. Надал со денешната победа има рекордни 59 триумфи и само еден пораз во Париз.
Инаку при крајот на вториот сет на мечот се случи инцидент, откако човек со факел се стрча кон Рафаел Надал, но обезбедувањето веднаш го отстрани.