Кошаркарите на Мајами не дозволија уште едно изненадување како на првиот натпревар, а овој пат возвратија и тоа со камата.
Натпреварот беше израмнет во првото полувреме, а кон крајот на третиот период и почетокот на последната четвртина, Мајами направи серија од 33:5 за предност од 94:67.
До крајот Спарси не најдоа начин да се вратат во игра и беа поразени со 103:84.
Најефикасен во победничкиот тим беше Марио Чалмерс со 19 поени, Леброн Џејмс постигна 17, а Крис Бош имаше учинок од 12 поени и 10 скокови. Во редовите на Сан Антонио најдобар беше Дени Грин со 17 погодоци.
Серијата сега се сели во Тексас каде ќе се одиграат следните три натпревари.