Четврто-рангираниот Давид Ферер за прв пат во кариерата ќе игра на Гренд Слем финале откако во полуфиналето го елиминираше Жо-Вилфред Цонга и на тој начин му го уништи сонот да стане првиот Французин кој стигнал до финале во Париз.
Надал се мачеше 4 часа против Ѓоковиќ, но на Ферер му беа потребни само 126 минути за да го победи Цонга кој не го повтори своето издание од четвртфиналето кога со 3:0 го победи Федерер. Резултатот на крајот гласеше 6:1, 7:6 (3), 6:2.
Финалето помеѓу Надал и Ферер ќе се одигра во недела, а во сабота на програмата во Париз е женското финале помеѓу Серена Вилијамс и Марија Шарапова.