Перспективните младинци на Купот на Конфедерации

Млади, но веќе докажани талентирани играчи во своите клубови и незаменливи репрезентативци од кои се очекува да блеснат на Купот на Конфедерации кој за два дена почнува во Бразил. Според имињата нема да ви бидат баш познати, но вреди да се погледнат нивните настапи.

Шуики Гонда (Јапонија)
24 годишниот стандарден голман на Токио веќе 4 години е незаменлив на голманската позција во тимот. Предност пред него на Купот на Конфедерации селекторот Алберто Ѕакерони се очекува да му даде на поискусниот Кавашима, но Гонда сигурно е иднината на селекцијата на Јапонија.

Кенет Омеруо (Нигерија)
Има само 19 години, а веќе влезе во Гинисовата книга на рекодри кога на мечот против Венло во финишот постигна гол, потоа автогол, а доби и црвен картон. Талентираниот дефанзивец е во сопственост на Челси, а настапува во холандското првенство за тимот на Ден Хаг како позајмен играч.

Диего Рејес (Мексико)
Уште еден талентиран младинец кој на 20 години е незаменлив во дефанзивната линија на Мексико. Освои злато на Олимпијадата во Лондон минатата година, а од 1 јули 2013 година ќе стане нов член на Порто за сума од 7 милиони евра.

Маја Јошида (Јапонија)
Иако е централен бек, во 2011 година го постигна голот на годината во Холандија за екипата на Венло. 24 годишниот јапонски репрезентативец од минатата сезона ги брани боите на Саутемптон, а неговата најсилна страна е маркирањето играчи.

Фернандо Лукас Мартинс (Бразил)
21 годишниот играч од средниот ред на Бразил е физички доста спремен, а и харизматичен играч на кој ќе смета Фелипе Сколари. Беше 3 сезони незаменлив во Гремио, а од наредната сезона ќе настапува за украинскиот шампион Шахтјор.

Николас Лодеиро (Уругвај)
Соиграчот на Кларенс Сидорф од тимот на Ботафого е несомнено талент без кој не може да се замисли средниот ред на Уругвај. Неговата специјалност се офанзивните задачи, а инаку беше 2 сезони дел од тимот на Ајакс.

 

13 јуни 2013 - 13:51