Еквадор ја надигра Аргентина и конечниот резултат 1:1 не ја отсликува играта на теренот, но натпреварот падна во сенка на инцидентот што се случи пред самиот крајт на натпреварот.
Во 86-та минута додека го изнесуваа Хавиер Маскерано од теренот, фудбалерот на Барселона од се уште непознати причини го клоцна возачот на медицинската количка.
Судијата му покажа црвен картон, по што мораа да интервенираат неговите соиграчи, како и полицијата за тој да го напушти теренот.