Пироманот ќе биде продавач во Баерн Минхен

Талентираниот Бразилец Брено кој од Сао Паоло пред 5 години направи трансфер во Баерн Минхен, наместо да напредува во кариерата тој полуде, си ја запали куќата и заврши во затвор. Сега неговата идна работа постои можност да биде во фан шопот на европскиот шампион.

Брено Боргез во 2008 година стана член на Баерн Минхен и беше најавен како доста талентиран дефанзивец, а Германците за него платија 19 милиони долари. Но поради психички проблеми тој си ја запали куќата во Минхен и беше осуден нa казна затвор од 3 години и 9 месеци.

Но надлежните во затворот се во контакт со клубот, па Брено по изгледа дека со помош на кауција ќе биде предвреме ослободен, а според германскиот весник „Билд", Баварците му понудиле да работи во официјалниот фан шоп на клубот или пак да биде домаќин во нивната академија.

23 годишниот Бразилец нема право да игра за Баерн затоа што од декември 2012 година има потпишано договор со Сао Паоло кој му истекува во 2015 година. Останатите претпоставки се дека затвореникот Брено можно е да тренира со вториот тим на Баерн Минхен.

Според „Билд" Брено ќе биде пуштен од затвор уште овој месец, а кауцијата овозможува ослободување само доколку веднаш пронајде нова работа.

11 јуни 2013 - 17:57