Пред 13 години во тренинг центарот на Манчестер Сити пристигна една мачка, која наместо да ја избркаат, вработените решиле да ја чуваат за да им помогне во борбата против глувците.
Мачката Вимблидон имала убиено над 200 глувици во тренинг центарот и стана миленик на фудбалерите и вработените. Додека играше во Англија, нејзин најголем обожавател беше Марио Балотели кој ја посетувал секој ден пред тренинзите и се грижел таа да биде нахранета.
Со огромно жалење, фудбалскиот клуб Манчестер Сити вчера соопшти дека нивниот миленик Вимблидон почина.