Италијанците кои се познати како големи гурмани и кои не мрдаат никаде без нивните тестенини се соочија со проблем на царината на аеродромот во Рио де Жанеиро.
На Купот на Конфедерации тие со себе понесоа 100 литри маслинов зејтин, пршута, пармезан, тестенини, кафе и уште неколку италијански производи, но не успеаа да ги пренесат на граница.
Царинските служби во Бразил се строги и цврсти во спроведувањето на законот, па така забрането е да се носи храна, особено од говедско потекло и млеко и млечни производи, освен ако не постојат меѓународни сертификати за контрола на квалитетот.
Во случајот се вмешале и претставници од италијанскиот конзулат во Рио и нивната амбасада во Бразилија кои се обидуваат да го решат проблемот за фудбалерите да не останат со празни мешиња или поточно без нивните шпагети и макарони без кои не можат да живеат.
На помош се јавиле и од некој од италијанските ресторани во Бразил од каде се понудиле да им излезат во пресрет на репрезентативците.