Конгоанецот Седрик Мабвати или во Шпанија познат како Седрик, премина од второлигашот Нумансија во екипата на Бетис. Тој самиот си ја платил сумата наведена во клаузулата за раскинување на договорот со Нумансија, но не се потрошил премногу.
Во договорот кој во 2011-та година Седрик го потпишал со Нумансија стоело дека доколку до 15 јуни 2013-та година за него се заинтересира клуб од шпанската Примера, тогаш тој може да си замине за 99 центи. Доколку никој не го купел до овој датум, сумата за раскин на неговиот договор по 15 јуни би се накачила на 5 милиони евра.
Интерес за Седрик пројави Бетис, па тој решил сам да ја плати сумата од 99 центи + 21% ДДВ, односно неговиот трансфер од Нумансија во шпанскиот прволигаш чини 1 евро и 20 центи.
Седрик е роден во Конго, но како дете со неговите родители се преселил во Шпанија и кариерата ја има започнато во Атлетико Мадрид од каде премина во Нумансија. 21-годишниот крилен играч е член на младинската репрезентација на Конго.