Фудбалските клубови низ целиот свет претставуваат гордост и симбол на локалната заедница, но Атлетик Билбао е нешто посебно.
Гордоста на Баскија веќе 115 години има закон со кој боите на клубот можат да ги носат само играчи со баскијско потекло. Во таа област нема ништо поголемо и посвето од Атлетик Билбао, а стадионот Сан Мамес претставуваше свето место за навивачите, па тие домот на својот миленик го нарекуваа "La Catedral" (Катедралата).
Но по 100 години богата историја, време за кое беа прославени 8 титули во шпанската Примера, дојде време навивачите да се разделат од стадионот кои тие сами го изградиле во 1913-та година.
Новиот стадион, Сан Мамес Бариа ќе чини околу 200 милиони евра и ќе има капацитет од 53.000 гледачи, но Сан Мамес засекогаш ќе остане во срцата на навивачите на Атлетик Билбао.