За време на претходниот престој во Лондон, Мурињо си се нарекуваше „Специјалниот", но на вчерашната конференција тој беше поскромен па си даде прекар „Среќниот".
Но со овој негов потег тој најверојатно разочара многу кладилничари. Британските кладилниц во својата понуда имаа и опклада за тоа дали Мурињо на првата прес конференција ќе каже дека е „Специјалниот". Коефициентот за тоа беше 1,85.
Со доаѓањето на Мурињо, коефициентите за титулите на Челси почнаа да паѓаат. Коефициентот за тоа дека Челси ќе ја освои Премиер лигата паднаа од 3,5 на 3,25 а коефициентот на титула од Лигата на шампиони од 12 падна на 11.
Можете да вложите пари и на тоа дека Челси следната година ќе ги освои Премиер лигата, Лигата на шампиони, ФА купот и Лига купот, а коефициентот на оваа опција падна од 1000 на 750.
Ова се дел од останатите опции за кладење поврзани со Мурињо:
Мурињо ќе издржи цела сезона - коефициент 1,10
Ќе биде отпуштен во текот на сезоната - 6
Ќе биде тренер на Челси и на почетокот од сезоната 2015/16 - 2,1
Мурињо ќе биде прогласен за менаџер на годината во Англија - 4,5
Ќе биде прогласен за најдобар тренер на светот за 2014-та година - 7