Минатата година на 8 мај, се навршија точно 3 децении од смртта на еден од најпопуларните пилоти во Формула 1, Жил Вилнев кој не го преживеа катастрофалниот удар на квалификациите во Белгија во 1982 година.
По 12 години или поточно на 1 мај 1994 година светот се збогуваше со еден од најдобрите возачи, Аиртон Сена кој го загуби животот на 34 години на трката во Сан Марино.
И додека во Формула 1 со напредокот на технологијата се зголеми и сигурноста на возачите, оние кои се грижат за пистата се на удар и се соочуваат со ризична работа. Па така ако во минатиот милениум светот го потресе смртта на двајца великани од овој спорт, во изминативе 13 години гинат редарите.
Во септември 2000 година во Монца, животот го загуби 33 годишниот Паоло Џислимберти кој беше жртва на судирот на неколку болиди од кои деловите завршија во неговото тело. Редарот беше веднаш пренесен во болница, но им потклекна на повредите.
По една година во Мелбурн каде се одржуваше трката за големата награда на Австралија на сличен начин загина Греам Бевериџ кој се наоѓаше на другата страна зад оградата, но по судирот на Жак Вилнев и Ралф Шумахер, една од гумите заврши точно во него.
Третиот трагичен настан се случи овој викенд каде на патеката Жил Вилнев која е крстена по загинатиот шофер, волонтер заврши под тркалата од дигалката. Фернандо Алонсо кој заврши на третата место, на Твитер напиша дека по ваква трагедија не може да се слави.