Општината Брисел во пресрет на кандидатурата на Белгија за Европското првенство во 2020 година, сака стадионот Хејсел да го сруши и да изгради нов, но тоа ги погоди навивачите на Јувентус кои сметаат дека со тоа би бил избришан од меморија трагичниот ден на кои загинаа 39 фанови.
Во обид да се спречи идејата на Белгијците, членовите на Салата за меморија и Комитетот за сеќавање на Хејсел заедно со навивачите на Јувентус собираат потписи за да се спречи уривањето на стадионот.
Инаку трагедијата на стадионот Хејсел се случи на 29 мај 1985 година кога на финалниот меч од Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Ливерпул се случи инцидент во кој загинаа 39 навивачи на „Бјанконерите".