Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Без гол и на втората контролка

Фудбалската репрезентација на Македонија ја заврши мини-турнејата без постигнат гол.

Тајното киднапирање на СП Аргентина 1978

Светските првенства знаат да бидат и опасни по живот, како што беше примерот со Колумбија која го загуби капитенот само поради еден автогол. На светскиот собир во земјата на Марадона, стресна случка раскажува шведски репрезентативец кој е среќен што се вратил дома.

Еибар ќе слави со конфетите на Барселона

Малиот клуб Еибар кој може да биде казнет за нивниот успех и полека ни станува омилен тим од Шпанија, ги купи неискористените конфети од планираната шампионска прослава на Барселона.

Гатузо: Пипо ми ги крадеше копачките

Ако новинарите сакаат да напишат некоја пикантерија поврзаната со фудбал, најдобро е да го повикаат Џенаро Гатузо кој секогаш открива тајни од соблекувалната.

Каширолата забранета на стадионите во Бразил

Официјалниот инструмент на Светското првенство доби забрана да се употребува на стадионите за време на натпреварите од Светското првенство.

Дресовите на Уругвај ги има носено само Боливија

Репрезентациите вообичаено ги претставуваат своите земји со боите на знамињата кои ги носат на своите дресови, но тоа не важело само за една селекција која на првото Светско првенство заминала без никакви амбиции и со идеја да привлече симпатии кај домаќините. 

20.000 долари да се намести натпревар на Светско првенство

Дури ни натпреварите од Светското фудбалско првенство во Бразил кое ќе ги гледаат милијарди луѓе низ целиот свет не се имуни на местење.

Стив Балмер го купува ЛА Клиперс

Поранешниот прв човек на Мајкрософт, Стив Балмер ја доставил најдобрата понуда за купување на НБА тимот ЛА Клиперс откако досегашниот сопственик Доналд Стерлинг беше принуден да го продаде клубот заради расистичките испади.

Пенал финта со сопка

Адубареј од репрезентацијата на Малдиви го изведе најсмешниот пенал на натпреварот против Авганистан. Не сме сигурни дали е според правилата, но глупирањето му се исплатеше и тој успеа да го совлада збунетиот голман.

Работнички го возврати ударот во финалето

Во доста подраматичен и неизвесен меч, кошаркарите на Работнички успеаа да го совладаат тимот на МЗТ Скопје и да израмнат на 1:1, со што ја направија понеизвесна и поинтересна финалната серија од македонското кошаркарско првенство.

Историски бројки од Светските првенства

Мундијалите низ историјатот носат груби натпревари кои завршиле со 20 картони, дебакли од 9:0, гафови на судиите кои не ги бројат жолтите картони, но и срамни посети од по 300 гледачи.

Откажи се од боксување

Голманот на Израел, Ариел Харуш поради финансиски проблеми нема земено плата од својот клуб Беитар Јерусалем, но тоа не е причина да киксира за репрезентација. Неговата селекција загуби од Мексико со 3:0, а по катастрофалната проценка на првиот гол, среќата не го посака на вториот. 

Офсајд лик на денот: Анри Бел

Камерунецот од редовите на хрватскиот клуб Сплит, Анри Бел бил излажан дека е повикан на поширокиот список на репрезентацијата за Светското првенство. Кога се појавил на подготовките во Австрија никој не знаел кој е тој и од тогаш му се губи секоја трага.

Најдобрите 100 сезонски голови

Компилацијата ја правел мераклија кој ги одбрал најатрактивни погодоци од изминатава сезона, но без анонимни играчи и клубови. Почнува со голчиште на Кака, а завршува со акција од учебниците во изведба на Арсенал. 

Новинарите предвидоа: Бразил ќе биде шампион

Водечкиот аргентински спортски магазин El Grafico анкетираше 95 фудбалски коментатори од целиот свет кои ги дадоа своите предвидувања за Светското првенство во Бразил.

Ексел за Светското првенство

Како што е редот, објавуваме распореди за сите големи спортски натпреварувања во Ексел формат, па еве го фајлот што го чекавте и за Светското фудбалско првенство во Бразил.

Идеалните 11 кои Светското ќе го гледаат на ТВ

На Светското првенство има место само за 32 екипи, па некои репрезентации не се пласираа и Мундијалот во Бразил ќе биде осиромашен за неколкумина од најдобрите фудбалери.

Среќа што не се збореше дека е местена

Пред пријателскиот натпревар помеѓу Шкотска и Нигерија се раширија гласини дека дуелот можеби ќе биде наместен, а истрага започна и британската полиција. Актерите на теренот не беа многу убедливи во нивните намери да ги демантираат гласините.

Сите тренери во ерата на Берлускони

Со неговото доаѓање во Милан во 1986 година, уште веднаш за потпретседател го назначи Адријано Галијани кој е задолжен да брка засилувања, но како газда на клубот тој влијаеше во изборот на тренерите, а на некои им солеше памет за тактика.

Роналдо е најславна и најпрепознатлива фудбалска фигура

Според светското маркетинг истражување на Repucom базирано на 6.500 луѓе во 13 земји, 72% од луѓето кои го знаат, рекле дека им се допаѓа.

Идеалните 11 во форма за Бразил

Велат дека формата е привремена, но кога станува збор за натпреварување како Светското првенство кое трае неколку недели, тогаш овој фактор може да биде клучен за успех.

Фак ју ФИФА

Бразилците се поделени околу одржувањето на Мундијалот. Едните ќе урлаат од радост на 12 јуни, а другите можно е да урлаат на протести. Едни прават графити за потребите на репрезентацијата, а другите за да и кажат на ФИФА дека наместо стадиони, попаметно е со милијардите да се намали сиромаштијата и да се градат болници и школи.

Бабата и храмот на бразилскиот фудбал

Марилза Гимараеш да Силва својот дом го претвори во храм на бразилскиот фудбал. 63-годишната навивачка го има обоено својот автомобил, целиот дом, па дури и тоалетот во боите на Бразил.

Над милијарда евра за да се стигне до „La decima“

Рекордерот по освоени титули во Лигата на шампионите мораше многу да чека, да менува, но најмногу да купува за да стигне до јубилејната 10-ка. Двајцата претседатели Флорентино Перез и Рамон Калдерон таа ги чинеше 1,1 милијарда евра за засилувања.