Семејството Стерлинг потпиша преддоговор за продажба на ЛА Клиперс за 2 милијарди долари на поранешниот директор на Мајкрософт, Стив Балмер.
Според ЕСПН, договорот веќе е испратен до НБА од каде се чека одобрување на продажбата.
Балмер се пензионираше пред четири месеци и неговото богатство е проценето на 20 милијарди долари. Ова е негов трет обид за купување на НБА тим. Во минатото имаше неуспешни обиди за купување на Сиетл Суперсоникс и Сакраменто Кингс.
Купувањето на ЛА Клиперс го поздрави и Меџик Џонсон кој беше една од „жртвите“ на расистичките испади на досегашниот сопственик Доналд Стерлинг.
Steve Ballmer owning the Clippers is a big win for the City of LA and all the people who live in the City of Angels!
— Earvin Magic Johnson (@MagicJohnson) May 30, 2014