El Grafico е најпознат спортски месечник од Аргентина, а во Јужна Америка е познат и како "La biblia del deporte" (Спортска библија). Списанието постои веќе 95 години и по повод нивната годишнина тие анкетираа 95 фудбалски новинари од целиот свет.
На новинарите им беа поставени следните прашања:
1. Кој ќе биде шампион?
2. Кој ќе биде најдобар играч на првенството?
3. Кој ќе биде најдобар стрелец на првенството?
4. Која репрезентација ќе биде најпријатно изненадување?
5. Која репрезентација најмногу ќе разочара?
6. Кој ќе биде најдобар млад играч на првенството?
Вака гласаше светското жири:
Шампион: Бразил
1. Бразил 51,58%, 2. Аргентина 28,94%, 3. Германија 15,26%, 4. Шпанија и Уругвај по 1,58%
Најдобар играч: Лионел Меси
1. Лионел Меси 45,26%, 2. Нејмар 24,21%, 3. Луис Суарез 5,26%, 4. Андрес Иниеста 4,21%, 5. Марко Ројс 3,16%, 6. Роналдо, Агуеро, Оскар, Швајнштајгер и Балотели по 2,1%
Најдобар стрелец: Лионел Меси
1. Лионел Меси 45,26%, 2. Нејмар 13,16%, 3. Кристијано Роналдо 12,63%, 4. Гонзало Игуаин 7,37%, 5. Луис Суарез 6,31%
Најпријатно изненадување: Белгија
1. Белгија 45,26%, 2. Чиле 19,47%, 3. Колумбија 14,73%, 4. Јапонија 3,68%, 5. Италија 3,16%, 6. Швајцарија, Англија, Уругвај и Франција по 2,1%
Најголемо разочарување: Англија
1. Англија 27,9%, 2. Холандија 22,63%, 3. Шпанија 12,1%, 4. Бразил 7,37%, 5. Португалија 5,79%
Најдобар млад играч: Пол Погба
1. Пол Погба (Франција) 43,68%, 2. Ромелу Лукаку (Белгија) 27,9%, 3. Рафаел Варан (Франција) 4,73%, 4. Хуан Кинтеро (Колумбија) 4,21%, 5. Рахим Стерлинг (Англија) 2,1%