Среќа што не се збореше дека е местена

Пред пријателскиот натпревар помеѓу Шкотска и Нигерија се раширија гласини дека дуелот можеби ќе биде наместен, а истрага започна и британската полиција. Актерите на теренот не беа многу убедливи во нивните намери да ги демантираат гласините.

Голманот на репрезентацијата на Нигерија, Остин Ејиде покрена лавина реакции по неговиот потег со кој си ја смести топката во мрежата, но судијата му го расипа планот и го поништи автоголот заради фаул.

Но тоа што не му успеа на Ејиде, му успеа на Егвеква кој си ја затресе мрежата за водство на Шкотска од 2:1.

Но во втората минута од судиското продолжение, Шкотланѓаните му дозволија на Нвофор да израмни за конечни 2:2.

29 мај 2014 - 08:52